Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Градежните работи на браната „Конско” треба да завршат најдоцна до јули
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Градежните работи на браната „Конско” треба да завршат најдоцна до јули
Агровести

Градежните работи на браната „Конско” треба да завршат најдоцна до јули

Објавено 20/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изградбата на хидросистемот „Брана Конско” и придружните објекти влезе во завршна фаза на изведување, односно 85 отсто од работата на терен е завршена, истакнаа денеска од турската компанија „Серка“, која е изведувач.

Посочија дека планираат техничкиот прием да почне од јули.

Од компанијата потенцираа дека изградбата на браната „Конско“ првично било планирано да заврши кон крајот на 2020 година, но нагласија дека актуелната состојба со здравствената криза, бавната работа на некои институции, како и задоцнетото пристигнување на специјални материјали и опрема од странство, кои се дефицитарни кај нас, придонеле да се пролонгира предвидениот рок за завршување на градежните работи.

На браната, чиј капацитет на акумулација изнесува 21 милион метри кубни вода, стручните лица од фирмата изведувач велат дека ќе и треба време за полнење од една до две години во зависност од количината на врнежи во тој период.

-Браната „Конско“ е од типот на каменонасипни брани со асфалтнобетонско јадро кое се вградува со специјална опрема под буден надзор на стручен персонал. Овој тип на брани во моментов е многу актуелен во светот, а браната „Конско“ ќе биде втора во нашата земја изградена на ваков начин – велат од компанијата „Серка”.

Браната „Конско“ е најголем капитален проект во општина Гевгелија во изминативе 50 години за чија реализација Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за рурален развој издвои 40 милиони евра.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:брана конско
Претходен напис Поради Африканската свинска чума забранет ловот во Италија во следните шест месеци
Следен напис „Винотек” од Кавадарци организира меѓународно оценување на вина и ракии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?