Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледувачите на свињи од Делчевско задоволни од проценката по извршената депопулација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одгледувачите на свињи од Делчевско задоволни од проценката по извршената депопулација
Агровести

Одгледувачите на свињи од Делчевско задоволни од проценката по извршената депопулација

Објавено 17/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ацо Десподовски од делчевското село Драмче е задоволен од проценката на штетата, по извршената депопулација на свињите во радиус од 3 километри од првичното жариште каде беше утврдено присуство на Африканска свинска чума.

Како што самиот изјави, за неговите 60 грла свињи тој од страна на државата ќе добие доволно средства за да ги покрие загубите од угинатите свињи, но истовремено за него претставува голема загуба, бидејќи не знае до кога ќе трае забраната за одгледување свињи.

-За мене ова е голема загуба, бидејќи на 5 јануари останав технолошки вишок, а потоа за два дена ми ги отстрелаа свињите. Местото каде беше пронајден вирусот е далеку од мене, но се случи тоа што се случи. Отстрелани ми се околу 60 свињи, имаше и големи и мали. Задоволен сум од проценката, сега е важно да ги добиеме парите, да не обештетат, а потоа што ќе кажат тоа е, вели Десподовски.

По добивањето статус на технолошки вишок во комуналното претпријатие каде што работел како хигиеничар, неговата цел била да се посвети исклучиво на свињарство, но потоа уследила појавата на Африканска свинска чума, која како што додава се појавила од дивите свињи кои ги има во изобилство.

-Минатата година претерано имаше диви свињи. Овде во маалото направија пустош на пченката. Според мене е подобро да се извршеше отстрел на дивите свињи, тоа е мое мислење – додава Десподовски.

Во однос на забраната за лов на диви свињи, Александар Дончевски, претставник на здружението Хантер Про кое е концесионер на повеќе ловишта во Пијанечко-малешевскиот регион, вели дека од страна на ловците има доста негативни размислувања.

-Тие велат дека ловот требаше да продолжи со отстрелување, за да се знае дали има заболени, бидејќи во шумата на дивите свињи каде што се појавува оваа чума единствено дел од ловците можат да откријат дали навистина постои свинска чума – вели Дончевски.

Со цел спречување на ширењето на болеста, доколку според Дончевски се утврди дека е контаминиран теренот, препорачува селективен отстрел, што според него ќе значи и заштита на домашното производство.

-Во таа насока како здружение од страна во име на ловците до Ловечката федерацијата испратен е апел до надлежните дека ловот треба да биде пуштен, да го искористат ловците ова право до 31 јануари годинава. Целта е да може да се направи увид на умрени единки додека ги има и да има поголем отстрел на дивеч, за да нема чума – додава Дончевски.

Деновиве во Делчевско заврши депопулацијата на свињи затекнати во домашните одгледувалишта во радиус од три километри од првичното жариште, каде што беше пронајдено присуство на вирусот. Притоа како што беше соопштено од Агенцијата за храна и ветеринарство уништени се над 200 грла домашни свињи, за што сопствениците ќе добијат соодветен финансиски надомест.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:делчевосвинска чума
Претходен напис Од петок влажен бран со врнежи од снег
Следен напис (Видео) Министерот Николовски првиот работен ден, наместо во кабинет, кај тутунарите: Секогаш ќе бидеме на терен со земјоделците, заеднички ќе бараме решение на проблемите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?