Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наезда од диви свињи во Кочанско по забраната за лов поради болеста африканска чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Наезда од диви свињи во Кочанско по забраната за лов поради болеста африканска чума
Агровести

Наезда од диви свињи во Кочанско по забраната за лов поради болеста африканска чума

Објавено 13/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жителите од повеќе села во Кочанско, сместени на падините на Осоговските Планини и на Плачковица, се жалат од наезда на диви свињи откако е воведена забраната за лов поради болеста африканска свинска чума во источниот регион.

Земјоделските производители се соочуваат со големи штети на есенските посеви во нивите и градините, а дивите свињи им влегуваат и во дворовите, пренесува МИА.

– Во атарот на селата Видовиште и Теранци целосно се уништени неколку стотини декари засеани со пченка и компир. Во потрага по храна, дивите свињи секојдневно од Плачковица се симнуваат во полето и прават огромни штети. Најчесто доаѓаат во групи и понекогаш се агресивни и кон домашните животни, а ние ловците не можеме да интервенираме и да им помогнеме на нашите соселани. Слично е и од другата страна на кочанската котлина, во селата од Осоговијата, каде исто така во важност е забраната за лов, истакна Орце Митров, ловец од Теранци.

Ловците од кочанскиот регион до сега не забележале угинати диви свињи како последица од африканската чума. Лабораториското испитување на месото што го имале на залиха од пред воведувањето на забраната за лов, покажало негативни резултати за присуство на болеста кај отстреланите диви свињи.

Со воведувањето на забраната за ловење секаков вид дивеч во источниот регион, укината е и купопродажбата на домашни свињи на сточниот пазар во Облешево, сè додека во важност е мерката што е воведена по препорака на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Диви свињи
Претходен напис Робот за берење брокула и други иновативни системи кои освоија сребрен медал за иновација на Агритехника
Следен напис Продолжува стабилно време со ниски утрински температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?