Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Ископана длабока јама – почна битката со африканската чума во Делчевско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Ископана длабока јама – почна битката со африканската чума во Делчевско
Агровести

(ВИДЕО) Ископана длабока јама – почна битката со африканската чума во Делчевско

Објавено 11/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По детектирањето на присуството на вирусот на африканска чума кај свињите во одгледувалиште во делчевското село Драмче, почна акцијата за депопулација на овие животни во радиус од три километри. Веднаш до градската депонија ископана е длабока јама, каде се сместуваат уништените грла, во склад со законските протоколи во ваква ситуација. Се работи за опасна болест меѓу животните. Треба да се делува брзо, со цел вирусот да се локализира и уништи, заклучија претставниците на институциите и одгледувачите, кои денеска имаа состанок во Делчево.

Директорот на надлежната Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски кажа дека следи уништување на свињите во радиус на три километри, за што сопствениците ќе добијат обештетување.

-Во останатата надзорна зона, која се протега во радиус од 10 километри, исто така ќе се изврши депопулација. Кај оние свињи кај кои ќе се дијагностицира дека се во добра здравствена состојба и дека кај нив не е присутен вирусот, од секоја една свиња ќе се земе примерок за испитување, ќе одат на економско искористување во кланиците, каде што на сопствениците ќе им биде надоместено, исто така финансиски се она што претставува пазарна вредност на овие животни, изјави Бабовски.

Во Делчевско веќе пет дена се спроведуваат засилени мерки со цел да се прошири африканската чума. Влезот на вирусот веројатно е од Бугарија, преку дивите свињи, каде веќе некое време е детектирано присуството на болеста. АХВ ќе го активира и Националниот центар за контрола на болести и преку преземените активности, да се врати статусот на земја слободна од африканска свинска чума.

Во Општината Делчево во координација со АХВ и Кризниот штаб секојдневно се одржуваат координативни состаноци. Градоначалникот Горан Трајковски упати апел до одгледувачите и граѓаните на зголемена свест за присуството на вирусот.

-Упатувам апел дека за секое уништено грло ќе бидат обештетени сопствениците. Иако ова жариште, за жал, е на територија на нашата општина, да придонесеме сите да не се рашири на територијата на други општини и цела држава, каде што ќе имаме многу поголеми финансиски импликации и како држава и како луѓе. Како локална самоуправа ќе работиме на подигање на свеста на сите што имаат стока, кажа градоначалникот Трајковски.

По појавата на африканска свинска чума во селото Драмче, оформена е и зоната под надзор која ги опфаќа општините Делчево и Македонска Каменица. При тоа,  се забранува движење и превоз на свињите во и од сите одгледувалишта од заштитната зона, освен ако свињите се упатуваат на колење во најблиската соодветна кланица.

Болеста африканска свинска чума е присутна кај животните, но не е опасна за луѓето, кои не заболуваат.

Извор – mms.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:африканска свинска чумасвињасубвенции
Претходен напис Објавен јавниот оглас за финансиска поддршка – од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи
Следен напис Денеска ќе биде сончево и студено со засилен северен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?