Иако имаат традиција долга со векови, француското семејство кое е на чело на вината на d’Angelus решило да го сврти својот бизнис, па неодамна отвори нова винарска фабрика која е целосно одржлива и еколошка.
Сѐ повеќе компании се обидуваат да го претворат својот бизнис во зелен и одржлив, особено оние компании кои произведуваат храна и пијалаци. Една од нив е француската винарија „Château Angélus“, која неодамна купи друга винарија и ја преуреди според сите одржливи и еколошки стандарди. Нивната цел е да создадат не само одржливо вино, туку и еколошка винарија богата со технолошки иновации, одржливи градежни техники и техники на одгледување.

Иако визбата Carillon d’Angélus веќе беше винарија, била премногу мала за во неа да се смести нова ефикасна опрема. Бидејќи првата винарија е на списокот на светско наследство на УНЕСКО, тоа ги ограничува можностите за развој и архитектура, па сопствениците решиле да започнат од нула со нов дизајн на винарската визба во блиската заедница Saint-Magne-de-Castillon.

Новата визба Carillon d’Angélus зафаќа површина од 4.400 квадратни метри на 3,30 хектари. Полузакопана е под земја со зелен покрив. Винарската визба се напојува со вино со помош на гравитација, без употреба на пумпи. Дизајнот е инспириран од винарската визба Fleur de Boüard во Лаланд, која има 18 садови во форма на превртен конус, систем со кран и лифт за кадата со вино. Покрај тоа, соларните панели помагаат со енергијата потребна за другите работи во винаријата.

Carillon d’Angélus и целиот имот на Chateau Angelus имаат HVE3 сертификат, што значи дека тоа е највисокото ниво на сертификат за висока еколошка вредност даден на најдобрите практики во поглед на биолошката разновидност, фитосанитарната стратегија и наѓубрувањето. Оваа неодамна отворена винарија планира многу експерименти со бројни прототипови за електронски мерачи и сета потребна опрема за производство на вино. Carillon d’Angelus има за цел да биде центар не само на органското производство на вино, туку и на технолошките иновации за оваа индустрија.


