Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на храната во светот се зголемиле за повеќе од 28% во текот на 2021 година!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Цените на храната во светот се зголемиле за повеќе од 28% во текот на 2021 година!
Пазари

Цените на храната во светот се зголемиле за повеќе од 28% во текот на 2021 година!

Објавено 11/01/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на изминатата година, цените на храната во светот пораснале за повеќе од 28 отсто, се наведува во најновиот извештај на Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Мала утеха е што цените благо паднаа во декември 2021 година бидејќи меѓународните котации на растителните масла и шеќери значително се повлекоа од високите нивоа.

Индексот на цените на храната, пресметан од ФАО, во декември во просек изнесуваше 133,7 поени, што е за 0,9 отсто помалку во однос на ноември. Но, во однос на декември 2020 година, тој е поголем за 23,1 отсто.

Индексот ги следи месечните промени во меѓународно цени на прехранбени производи. Само млечните производи поскапеа на месечно ниво во декември.

Според извештајот, објавен на официјалната веб-страница на агенцијата на ОН со седиште во Рим, индексот на цените на храната за цела 2021 година во просек изнесувал 125,7 поени. Тоа е за 28,1 отсто повеќе од претходната година.

„Иако високите цени на храната обично даваат поттик за зголемување на производството, глобалната пандемија и сè понеизвесните климатски услови оставаат малку простор за оптимизам“, вели Абдолреза Абасијан, економист во ФАО.

Што се однесува до движењето на цените во декември, житарките поевтинија за 0,6 отсто во однос на ноември. Поевтините цени на пченицата го надомести растот на цените на пченката, предизвикан од силната побарувачка и загриженоста поради продолжената суша во Бразил.

Меѓутоа, цените на житарките лани пораснаа во просек за 27,2 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво од 2012 година. Пченката скокна за 44,1 отсто, пченицата за 31,3 отсто, а оризот за 4,0 отсто.

Одредени цени на храната паднаа во текот на декември 2021 година

Цените на растителните масла паднаа за 3,3 отсто во последниот месец, бидејќи потонаа котациите на палминото и сончогледовото масло поради намалената глобална побарувачка за увоз, под влијание на загриженоста за зголемениот број случаи на ковид-19. Сепак, цените на растителните масла во текот на 2021 година достигнаа највисоко ниво во историјата, пораснаа за 65,8 отсто во однос на 2020 година.

Во декември на месечно ниво паднаа и цените на шеќерот за 3,1 отсто, на најниско ниво во последните пет месеци. ФАО, исто така и ова го припишува на загриженоста за влијанието на сојот омикрон врз глобалната побарувачка, слабеењето на бразилската валута и пониските цени на етанолот. На годишно ниво, пак, цените на шеќерот се зголемија за 29,8 отсто минатата година, на највисоко ниво од 2016 година.

Котациите на месо во декември останаа главно стабилни, но во текот на 2021 година се зголемени за 12,7 отсто во однос на претходната година.

На светскиот пазар само млекото и млечните производи во декември поскапеле за 1,8 отсто во однос на ноември. Тоа е затоа што пониското производство на млеко во Западна Европа и Океанија ги зголеми цените на путерот и млекото во прав, додека цените на сирењето незначително се намалија. Цените на млекото минатата година беа во просек за 16,9 отсто повисоки од 2020 година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Површините со пченка ќе се намалат за 1 милион хектари во 2026 година: Што ќе посеат американските земјоделци?
Директни плаќања за 2026 за производство на семенски материјал за пченица, јачмен, ориз, тритикале и добиточен грашок
Влада: Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ПОЛЕДЕЛСКИ култури за 2026 год.
Таг:пченицапченкахрана
Претходен напис Декември 2021 потопол од досегашниот повеќегодишен просек
Следен напис Наместо да го гледаат датумот, купувачите во Велика Британија со мирисање ќе го проверуваат квалитетот на млекото
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?