Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потребен е посериозен пристап за надминување на лошата хидролошка состојба во Преспанското Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потребен е посериозен пристап за надминување на лошата хидролошка состојба во Преспанското Езеро
Агровести

Потребен е посериозен пристап за надминување на лошата хидролошка состојба во Преспанското Езеро

Објавено 10/01/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За надминување на состојбата со нискиот водостој на Преспанското Езеро потребно е донесување сет долгорочни мерки и посериозно спроведување на краткорочните, смета раководителот на секторот за животна средина при Општина Ресен, Ајман Ал Малла.

Последните мерења на нивото на водостојот на мерната станица во селото Наколец покажале дека нивото на водата е на кота од 842,22 метри надморска височина, што значи 5,38 метри намалување во однос на референтната нулта кота, која изнесува 847,60 метри надморска височина. Согласно податоците со кои располага Општина Ресен, слична состојба имало и во 2008 година. Состојбата се подобрила во периодот од 2016 до 2018 година.

– Овој тренд за намалување на водостојот е континуиран во последните три години. Во почеток на 2020 година беше намален за околу пет метри. Највисок водостој во Преспанското Езеро беше забележан во периодот 1960-1964 година, каде во 1963 година Преспанскиот регион ги имал најголемите поплави, тогаш водостојот стигна до кота од над 850 метри надморска височина, информира Ал Малла.

Според него, под итно потребно е донесување на Планот за управување со Споменикот на природата Преспанско Езеро и навремено завршување на отпочнатите мерки со Хидробиолошки завод – Охрид, Македонското еколошко друштво и други невладини организацији, кои содржат компонента на иновации во научното истражување и мониторинг и треба да дадат одговор на прашањата: каде сме, што треба и до каде ќе стигнеме. Проблемите се големи, а покрај климатските промени големо влијание имаат активностите на човекот во Преспанскиот регион.

Во однос на прашањето што прават локалната самоуправа и државата за спас на Преспанското Езеро, Ал Малла посочи дека реализирале сет мерки за намалување на негативните ефекти врз квалитетот и квантитетот на водите на Преспанското Езеро, но дека досега не се реализирани мерките од Акцискиот план, освен рестартирање на Преспа парк на природата, со одржување состанок на ниво на министри за животна средина од Северна Македонија, Албанија, Грција и претставник на Европската Унија.

– Ние како локална самоуправа имаме преземано и реализирано сет мерки и активности за намалување на негативните ефекти врз квалитетот и квантитетот на водите во Преспанското Езеро и сливното подрачје. Работиме на подигање на јавната свест за значењето на одржливото управување со водите како природен ресурс, кој природата ни го поклони, поголема контрола, од наша страна, за намалување на деградатцијата на земјиштето, намалување на прекумерното користење на водите за наводнување на овошните насади, примена на добри практики во земјоделството, интензивирана е прекугранична соработка со соседните држави за одржливо управување со водите во езетото, како и поголема координација и соработка со сите надлежни институции, научни установи и невладини организации. Што се однесува до државата, има усвоено Акциски план изготвен од ЕРГ, кој содржи сет мерки. Досега нема реализација на ниту една (општина Ресен нема информација за било која реализирана мерка), изјави Ал Малла.

Општина Ресен, нагласи тој, како управувач со Споменикот на природата Преспанско Езеро, има изготвено Нацрт план за управување, но, како што рече, од за нив непознати релевантни причини, планот уште не е донесен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Преспанското Езерохидролошка состојба
Претходен напис Зголемување на цените на нафтените деривати, најголем скок на цената на дизелот
Следен напис Трошоците за живот во 2021 зголемени во споредба со 2020 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?