Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчелар осуден да плати 15.000 евра бидејќи неговите пчели каснале охриѓанец
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пчелар осуден да плати 15.000 евра бидејќи неговите пчели каснале охриѓанец
Агровести

Пчелар осуден да плати 15.000 евра бидејќи неговите пчели каснале охриѓанец

Објавено 05/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здруженето на пчелари од Охрид јавно застана во одбрана на својот член Лазе Грозданов кој правосилно е осуден на парична казна од 15.000 евра зашто неговите пчели нападнале три лица во 2014 година. Според пресудата на Основниот суд од Охрид изречена после 8 години, лицето претрпело страв, а и имал физички и душевни болки.

Инцидентот се случил на 30 јуни 2014 година кога Грозданов во Охрид со моторно возило превезувал сандаци со пчели. Пчелите при транспортот излегле од сандаците и ги нападнале В.П., неговата сопруга и петмесечното бебе додека шетале на булеварот „Туристичка”.

Грозданов за овој случај е прогласен за виновен од Судот во Охрид.

Според Тони Јосифоски, претседател на пчеларското здружение кое брои околу 50 членови, ваквата пресуда е апсурдна и е донесена во време кога целиот свет носи заштитни мерки за пчеларството, поддржувајќи го секторот со огромни финансиски средства.

Нивниот денешен собир, како што изјави, е токму во оваа насока – јавно да го дигнат гласот, таквите случаи да не станат судска пракса.

– Ова е прв проблем што удира по пчеларите и бараме од Министерството за правда и Републичкиот совет да ја преиспитаат оваа одлука на Судот во Охрид и да застанат во заштита на пчелите, рече Јосифоски на денешната средба на членовите на Пчеларското здружение од Охрид одржана во Големата сала на Општина Охрид.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:казна
Претходен напис Шапуриќ: Половина од тутунот е откупен по просечна цена од 191 денар, а близу 90% е исплатен
Следен напис Европската комисија ја претстави иницијативата за Рурален пакт
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?