Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Тетово во 2021 година 132 дена имало загаден воздух
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Тетово во 2021 година 132 дена имало загаден воздух
Агровести

Во Тетово во 2021 година 132 дена имало загаден воздух

Објавено 03/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Месечните извештаи на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух за Тетово покажуват дека во 2021 година имало 132 денови со загаден воздух односно надминување на дозволената гранична вредност од 50 ПМ10 на метар кубен. Во една календарска година според светските здравствени стандарди не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух.

Најмногу или 28 дена имало во декември, 22 во ноември 22, 21 во февруари, 18 во јануари итн. Само септември е месец со ниту еден ден загаден воздух.

-Најзагадено е во месеци кога има најголемо влијание поради греењето со дрва. Многу е во пет месеци да има загаден воздух. Нотирани се причините и последиците, се покажува дека не може да се превенира, туку треба радикално решавање, сегашните мерки се недоволни. Постојано повторуваме дека гасификацијата е тоа радикално решение за Тетово. Немаме ни совест, сиромаштијата си го прави своето, се ложи со отпад и во индустријата. Акцијата со замена на печки на дрва со инвертери е племенита, се намали аерозагадувањето, но тоа се покажува недоволно – изјави д-р Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово.

Фото/Instagram

Докторот потсетува дека долготрајното соочување со загаден воздух носи тешки последици по здравјето.

– Оваа студија се појави во журнал за хепатологија. Тоа е нова кинеска студија која покажува дека загадениот воздух влијае да се појави замастување на црниот дроб. Замастувањето значи дека клетките ја намалуваат својата функција, а црниот дроб е една хемиска лабораторија за организамот која го пречистува телото и има други метаболни функции, објаснува тетовскиот доктор.

Поради изведување на градежни работи во близина на мерната станица на Државниот автоматски мониторинг систем во Тетово, Давидовски препорачува таа да биде преместена на друга соодветна локација.

Во 2020 година од 366 денови 138 биле со загаден воздух во Тетово. Тетовци најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година со оглед дека од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните ПМ 10 честички.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:загадувањететово
Претходен напис Поради птичји грип во Франција се елиминирани 600.000 единки живина
Следен напис Се зголемуваат цените на горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?