Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Протест на дебарските ловџии поради повисоките цени на дозволите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Протест на дебарските ловџии поради повисоките цени на дозволите
Агровести

Протест на дебарските ловџии поради повисоките цени на дозволите

Објавено 03/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Незадоволството од двојно повисоката цена за годишна дозвола што концесионерот „Канеш – Стогово“ од Скопје ги воведе од први месецов и недобивањето одговор на писмото упатено до него, беше причина, дебарските ловџии вчера да одржат протест во центарот на градот.

-Ние ловџиите од Дебар и Центар Жупа, револтирани сме од последната одлука донесена од концесионерот, со која годишната дозвола за лов се зголемува за 100 отсто, односно од шест на 12.000 денари. Сметаме дека концесионерот на терените од Бањиште до Стогово, ниту создал потребни услови, ниту пак ние ловџиите од ова подрачје имаме можностите да плаќаме така висок износ – рече Арѓент Качалнику, претседател на координативното тело.

Додаде дека ловџиите имале средба на 24-ти минатиот месец кога биле слушнати сите нивни забелешки, а било формирано и 6-члено координативно тело.

-На 27 декември испративме писмо до концесионерот, во кое се наведени забелешките на ловџиите од начинот на менаџирањето и со барање да се изнајдат заеднички решенија по повеќе прашања, но до денес немаме добиено одговор – посочи Качалнику.

Според него, координативното тело остварило контакти со повеќе ловни здруженија во државава од каде што добиле информации дека за годишина дозвола се наплатува од 3 до 5 илјади денари.

Дебарските ловџии, меѓу другото, бараат годишната членарина за ловџиите од Дебар и Центар Жупа да изнесува 4.000 денари, дневна дозвола за работен ден 200 денари, наградата за отстрел на зајак да изнесува 200 додека за дива свиња 1.000 денари.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:канеш стоговоловџии
Претходен напис Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено утрово во Битола и Берово
Следен напис Недимовиќ: Рекорден извоз на храна во Србија, заработката надмина пет милијарди долари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?