Зоран Шапуриќ, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, на својот фејсбук-профил објави информација како тече откупот на тутунот.
„Државниот инспекторат за земјоделство од почетокот на откупот е постојано на терен и врши надзор на откупот на тутунот во рамките на законските надлежности и ќе биде на терен се до завршување на откупот, кој согласно Законот за тутун трае до 31 март наредната година, на сите 173 регистрирани пунктови.
Заклучно со 30.12/2021, се откупени 9.300 тони. Просечна цена на досега откупениот тутун е 189, 2 денари.
Вчера се откупени 492 тони тутун, по просечна цена од 196,3 денари.“, напиша Шапуриќ.





