Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски – Бочварски: Над 95 проценти од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин е завршена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски – Бочварски: Над 95 проценти од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин е завршена
Агровести

Николовски – Бочварски: Над 95 проценти од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин е завршена

Објавено 30/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Над 95 проценти од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин е завршена, модернизацијата на овој магистрален пат како дел од Коридорот 8 е од особено значење за целата држава, изјавил заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, кој вчера заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беа на увид на завршување на градежните работи на овој магистрален пат.

Во оваа втора фаза се рехабилитираа 16,6 километри од селото Војник до Страцин. Вкупната вредност на инвестицијата е близу 7,2 милиони евра.

May be an image of 4 people, people standing and outdoors

– Ова е важна патна артерија за поврзување на локалните и регионалните патишта со главните коридори, за граѓаните, но и за компаниите, со која се овозможува лесен и побрз транспорт на луѓе и на производи. Особено ми е драго, што силен акцент ставивме на инвестициите во патната инфраструктура во истокот и североистокот, региони кои со години беа заборавени. Инфраструктурата за која некогаш само се говореше, денеска е преточена во план, програма и реализација. Вложивме 80 милиони евра за патна инфраструктура, за да ги модернизираме клучните патишта во овој регион, делот од Коридор 8“, изјавил вицепремиерот Николовски, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Паралелно се изведуваат градежните работи на првата фаза од Куманово до село Војник, во должина од 15,2 километри, во вредност од 5,4 милиони евра. Рехабилитацијата на оваа фаза завршува во јуни следната година.

Министерот Бочварски потенцирал дека во изминатава година ангажирана е цела градежна оператива во реализација на капиталните проекти во ресорот транспорт.

May be an image of 6 people, people standing and outdoors

– Со рехабилитација на оваа делница и изградбата на експресниот пат кон Крива Паланка, создаваме модерна патна врска во североисточниот дел на Коридор 8. Вкупните инвестиции вложени во овој регион за изградба и рехабилитација на патни правци изнесуваат над 80 милиони евра. Дополнително би сакал да потенцирам дека очекуваме реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски да надмине преку 90 проценти, изјавил министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Рустеми, како што стои во соопштението, информирал дека минатата година бил рехабилитиран и реконструиран патот од Ранковце до Крива Паланка во должина од 21 километар и со отпочнатите други рехабилитации, санации и изградби во овој регион се комплетира Коридорот 8.

May be an image of 4 people and outdoors

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бочварскиНиколовски
Претходен напис Времето денеска променливо облачно со услови за слаб локален дожд
Следен напис Што се случува со 50.000 килограми црни тартуфи кои Французите секоја година ги увезуваат од Шпанија?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?