Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Набавка на системи за наводнување и ископ на бунари – Прочитајте, кој може да биде корисник и кои се усовите за учество на јавниот повик
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Набавка на системи за наводнување и ископ на бунари – Прочитајте, кој може да биде корисник и кои се усовите за учество на јавниот повик
Јавни огласи и повици

Набавка на системи за наводнување и ископ на бунари – Прочитајте, кој може да биде корисник и кои се усовите за учество на јавниот повик

Објавено 29/12/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 19315, 39/16, 167/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот ЈАВЕН ПОВИК бр.10/20 21 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

І. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ:

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Инвестиции за Мерка 121 модернизација земјоделски стопанства

  • 121.4 Набавка на систем за наводнување капка по капка, наводнување капка по конструкција на бунари и други зафати на површинска вода

Максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува:

  • До 1.800.000,00 денари за инвестиции во систем за Набавка на систем за наводнување капка по капка,
  • до 364.000,00 површинска вода денари за инвестиции во конструкција на бунари и други зафати површинска вода

ПРАВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

Земјоделско стопанство упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој и тоа :

Физички лица:
– Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
– Индивидуален земјоделец – носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување;
– Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност;
– Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва.
Правни лица:
•        Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва;
•        Земјоделски задруги – регистрирани согласно Закон за задруги.

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Финансиска поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции, доколку поинаку не е определено.

Ставката на ко-финансирање се зголемува во одредени случаи и изнесува:
– 55% во случај кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец;
– 60% во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство;
– 65% во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец;
– 75% во недостапни рурални заедници.

Со овие средства може да се набават подземни и надземни системи за наводнување капка по капка, набавка на приклучна опрема ( филтри, пумпи, цевки и спојни елементи), опрема за електрична инсталација за снабдување со струја вклучително и енергетска ефикасност, агрегати или генератори и придружна инсталациона опрема, софтвери за управување и контрола на системот за наводнување, градежни зафати за бунари, изработка на студии и елаборати. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за различни мерки од Програмаат за рурален развој.

Барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред да потпишат договор со АФПЗРР. 

Поддршката по овој основ подразбира доделување на неповратни финансиски средства (грант) од Буџетот на Република Македонија.
Корисникот е должен во рок од 5 години од денот на исплатата на средствата од оваа програма, да има истакнато налепница или натпис на инвестицијата со која означува дека инвестицијата е ко-финасирана со средства од Програмата. АФПЗРР ги доделува налепниците и натписите на корисникот заедно со решението за исплата. Доколку настане оштетување на истите, корисникот е должен да ja извести АФПЗРР при што контролорите ќе извршат увид и ќе доделат нова ознака.
Поднесување на барање По објавување на јавниот повик, од страна на АФПЗРР, за поднесување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година, потенцијалниот корисник на средствата треба да поднесе електронско барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година по соодветната мерка. Креираното електронско барање се превзема, печати и потпишува од страна на Барателот и заедно со сите пропратни документи соодветно на типот на инвестиција се доставува до Агенцијата во затворени во плик на кој на горниот лев агол да пишува „Барање за финансиска поддршка, Архивскиот број на Барањето (1021-12116-ХХХХ/1)“ на следната адреса: АФПЗРР за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој ул. „3-та Македонска бригада” бб зграда на Македонија Табак блок Ц 1000 Скопје, Република Македонија или лично на рака во писарницата на АФПЗРР за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), на истата адреса.

Крајниот рок за доставување на апликациите е продолжен и трае до 11.02.2022 година.

Барањата кои не се поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:бунаријавен повикСистем за наводнување
Претходен напис Времето денеска облачно со локални врнежи од дожд
Следен напис (ВИДЕО) Компанијата „ЗОРАЛЕК“, идеален пример за семеен бизнис: Двајца браќа, 1.500 пчелни семејства, органски мед, извоз во Саудиска Арабија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?