Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трајан Димковски: Реално очекување е дека до крајот на откупот на тутунот би требало да се постигне просечна цена до 200 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трајан Димковски: Реално очекување е дека до крајот на откупот на тутунот би требало да се постигне просечна цена до 200 денари
Агровести

Трајан Димковски: Реално очекување е дека до крајот на откупот на тутунот би требало да се постигне просечна цена до 200 денари

Објавено 24/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменикот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, утрово беше гостин во утринската програма на Канал 5. Земјоделците и придобивките за агросекторот од договорите на „Отворен Балкан“ и мерките што ги презема државата за развој, модернизација и подмладување на агросекторот, беа темите за кои се разговараше.

На Самитот „Отворен Балкан“, на кој присуствуваше и Димковски, беа потпишани неколку договори поврзани со земјоделците.

„Сето ова треба да го гледаме како можност. Пазарот е отворен, слободен. Она што треба да го подобриме и е дел од договорите, е да го подигнеме квалитетот и стандардот на производите, а тоа подразбира и границите да се поминуваат многу полесно, да нема застој на робата на границите од сите три страни.“, рече Димковски.

Димковски смета дека со отворањето на границите, нема да има опасност од наплив на албанскиот зеленчук на домашниот, ниту на извозниот пазар.

„Албанскиот зеленчук и денес е присутен. Тие имаат одредена предност поради местоположбата и новите инвестиции што ги направија, тука треба повеќе да бидеме фокусирани што се случува во делот со инвестиции и од тој аспект не треба да има таков страв, иако знаеме дека кога влегува албанскиот домат, се шпекулира дека ќе се спуштаат цените. Но со признавањето на лабораториите, во овој момент тој може да помине со фитосертификат, но контролата помеѓу лабораториите што соработуваат мора да биде на одреден подобар стандард, подобар квалитет, за да биде на нашиот пазар и таа контрола очекуваме да биде поголема помеѓу лабораториите и фирмите.“

Истовремено Димковски смета дека е подобро да конкурираме со фирмите од овие три земји, отколку да се соочиме со фирмите од Полска, Белгија, Германија, Италија, односно со оние од европскиот пазар.

Во однос на модернизација во земјоделство, Димковски смета дека почнувајќи од најмалите земјоделци па сѐ до големите фирми кои извезуваат, треба сите да работат како едно, што според него е можност која ќе ја понуди „Отворен Балкан“ на нашите земјоделци и блиска соработка со соседните.

„Нашата конкурентност ќе ја зголемиме само преку инвестиции, модернизација, нова технологија и секако во последните години како сѐ поголем проблем се појавува работната сила. Таа станува сѐ поскапа, затоа треба да се инвестира во објекти кои ќе му дадат сигурност на земјоделецот.“

Во однос на откупот на тутунот според Димковски реално очекување е дека би требало да се достигне цена од 200 денари просек.

„Откупот трае, просечната цена е околу 186 денари, иако има тренд на покачување. Има помалку договори, количините се очекуваат некаде околу 22 милиони килограми оваа година. Верувам дека во зависност од квалитетот на тутунот што го носат тутунопроизводители, реално очекување е дека до крајот на откупот на тутунот би требало да се постигнепросечна цена до 200 денари“, рече Димковски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Трајан Димковски
Претходен напис (ВИДЕО) Малишиќ: Исплатлива цена на лебот е од 35 денари, индустријата е под голем удар
Следен напис Нова празнична понуда на Хемометал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?