Собранието го изгласа Предлог-законот за работни односи, кој стапува на сила од 1 јануари 2022 година и со кој се предвидува недела да биде ден за неделен одмор, објави пратеничката Жаклина Лазаревска.
„На наше огромно задоволство Собранието го изгласа Предлог законот за работни односи со кој се предвидува недела да биде ден за неделен одмор.
Законот ќе почне со примена од 01.01.2022 год.
-Со овие промени се прави баланс на приватниот и професионалниот живот на работниците.
-За 92% од работниците во државата недела ќе биде ден за неделен одмор.
-Работниците во дејностите кои се неопходни да функционираат ќе добиваат најмалку 50% повисока дневница.
-Трговските центри – моловоте ќе работат САМО во една смена од 10 до 18 часот, а вработените ќе добиваат 100% повисока дневница за работа во недела.
-Трговските субјекти во моловите ќе имаат обврска да уплаќаат износ од 2% од остварениот промет во недела во Буџетот, а тие средства ќе бидат искористени за основање на детски градинки.“, напиша пратеничката Лазаревска на својот фејсбук-профил.
