Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Горан Дамовски, директор на ИМЕ: Нашата поддршка и директна инволвираност во „Деновите на кариера“ е во зголемување на можностите студентите да дојдат до компаниите, со цел нивно полесно вработување по завршување на студиите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > (Видео) Горан Дамовски, директор на ИМЕ: Нашата поддршка и директна инволвираност во „Деновите на кариера“ е во зголемување на можностите студентите да дојдат до компаниите, со цел нивно полесно вработување по завршување на студиите
Саеми и манифестации

(Видео) Горан Дамовски, директор на ИМЕ: Нашата поддршка и директна инволвираност во „Деновите на кариера“ е во зголемување на можностите студентите да дојдат до компаниите, со цел нивно полесно вработување по завршување на студиите

Објавено 16/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Деновиве во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, се одржува манифестацијата „Денови на кариера“, под мотото „Запознај го својот иден вработен/работодавец!“. Проектот е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а директорот на програмата ИМЕ, Горан Дамовски, имаше свое обраќање на панел-дискусијата.

„Земјоделското производство како никогаш досега се темели на наука, на истражување, на научни истражувања, за да се постигнат целите за глобален одржлив развој. Морам да истакнам дека Програмата за зголемување на пазарна вработливост има одлична соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна. Нашата поддршка и директна инволвираност во „Деновите на кариера“ е всушност во зголемување на можностите студентите да дојдат до компаниите со цел нивно полесно вработување по завршување на студиите.

Студентите имаат можност директно да се запознаат што е она што на компаниите им треба, каков тип вештини треба да поседуваат, кои технологии треба да ги разбираат, да ги знаат за нивното вработување да стане полесно, да стане реално.

Од друга страна и компаниите имаат можност да ја изразат својата спремност да примат практиканти на обука, да ја доближат својата работа до практиките што се изучуваат на Факултетот, да изразат спремност за обезбедување услови за изработка на дипломски, магистерски, докторски трудови под менторство на професорите на факултетот и на тој начин да добиеме едно целпосно приближување на науката и бизнисот.

Верувам дека ова е единствениот начин за постигнување услови за креирање на одржливи работни места коишто се пристојни работни места за висококвалификуваниот кадар во земјава.“, изјави директорот на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Нелкоски Органик Фуд“ започна со потпишување на долгогодишни договори за откуп на органски лешник
Mладите земјоделци ја зголемуваат продуктивноста во своите компании преку новите технологии во земјоделството
Таг:Горан Дамовскииме
Претходен напис Зголемен водостојот на Дојранското и Охридското Езеро
Следен напис Тамара од Злетово одгледува овци и произведува сирење: Со многу работа и неоткажување пред препреките, на крај успеав да направам една успешна сточарска приказна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?