Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На „Денови на кариера“ на Факултетот за земјоделски науки и храна, беа понудени можности за кариерен развој на младите во секторот земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На „Денови на кариера“ на Факултетот за земјоделски науки и храна, беа понудени можности за кариерен развој на младите во секторот земјоделство
Агровести

На „Денови на кариера“ на Факултетот за земјоделски науки и храна, беа понудени можности за кариерен развој на младите во секторот земјоделство

Објавено 17/12/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамките на Деновите на кариера, под мотото „Запознај го својот иден вработен/работодавец!“, се одржа настанот „Денови на кариера“, поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Настанот беше можност за директни средби на релација „Студент-Работодавец“ каде што во аулата на Факултетот за земјоделски науки и храна, манифестацијата имаше за цел да ги поврзе и главните чинители од бизнис-секторот и институциите со Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, со цел согледување на потребите на пазарот на трудот и можностите за прилагодување на студиските програми, практиканството и можностите за вработување.

Очекувано, интересот за настанот беше голем, со оглед на тоа што свое обраќање имаа клучните актери за иницирање, поддршка и спроведување на политиките за современо образование и кариерен развој, како и развојот на земјоделско-прехранбениот сектор, меѓу кои Проректор за меѓународна соработка при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Проф. д-р Ордан Чукалиев, Декан на Факултетот за земјоделски науки и храна, Проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, Директор на програмата ИМЕ, г-дин Горан Дамовски, г-дин Гоце Георгиевски, претставник од МЗШВ, проф. д-р Драги Димитриевски, Факултет за земјоделски науки и храна.

„Секојдневно добиваме информации од стопанството дека има потреба од кадар во земјоделството. Вообичаено гледаме дека наши студенти се снаоѓаат и во други држави така што таа потреба се зголемува и тоа беше една од иницијалните причини зошто да го организираме овој настан. Исто така, целта на настанот беше обука за студентите во делот подготовка за вработување, пишување на мотивациско писмо, подготовка на CV, потоа студентите учествуваа на традиционални студентски смотри, презентираа научно истражувачки трудови. Тоа е една од активностите на нашиот факултет, да ги активираме студентите и во наука да работат. Сите чинители во стопанството да придонесат, бидејќи сме во процес на акредитација на нови студентски програми, да се фокусираме на она што е цел на пазарот на трудот, да ни помогнат заеднички да го доловиме она што е најзначајно во моментот и тоа да го преточиме во нашите студиски програми“, рече проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна.

„Активностите кои ги поддржуваме во рамки на настанот „Денови на кариера“ при Факултетот за земјоделски науки и храна се со цел поврзување на студентите со компаниите и зголемување на можностите за нивно вработување во земјоделскиот сектор по завршувањето на студиите. Истовремено студентите ќе стекнат увид за реалните потреби на компаниите, а компаниите ќе ја дефинираат нивната спремност да примат практиканти на обука, но и да обезбедат услови за изработка на дипломски, магистерски и докторски трудови. Верувам дека на овој начин поддржуваме една од главните цели на Програмата ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а тоа е создавање на одржливи работни места за високо квалификуваниот кадар во Северна Македонија“ – посочи Горан Дамовски, директор на Програмата за зголемување на пазарната вработливост –ИМЕ.

„На покана на мојот матичен Факултет за земјоделски науки и храна и на мое огромно задоволство денеска имав чест да се обратам на настанот „Денови на кариера“, поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Ја искористив приликата да ги презентирам можностите кои ги нуди Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и плановите за иден развој на младите земјоделски професионалци.
Искажувам јавна благодарност до моите професори што на овој начин ги афирмираат своите студенти да ги градат своите кариери во еден комплексен сектор како што е земјоделството.“, рече г-дин Гоце Георгиевски, претставник од МЗШВ.

May be an image of 3 people, people standing and indoor
(Видео) Горан Дамовски, директор на ИМЕ: Нашата поддршка и директна инволвираност во „Деновите на кариера“ е во зголемување на можностите студентите да дојдат до компаниите, со цел нивно полесно вработување по завршување на студиите
(Видео) Вјекослав Танасковиќ, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна: Сакаме да го интензивираме процесот на вработување на кадар кој е неопходен во секторот, а потребите се јавуваат и се многу големи

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:денови на кариераиме
Претходен напис Се одржа првиот работен состанок на Заедничкиот Комитет за шумарство, во рамки на Меморандумот на Разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за соработка во областа на шумарството
Следен напис Холандија има план од 25 милијарди евра за радикално намалување на бројот на добиток поради елиминирање на штетниот азот, сточарите бесни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?