Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јаболкопроизводителите со барања до МЗШВ и средба во најкус рок
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јаболкопроизводителите со барања до МЗШВ и средба во најкус рок
Агровести

Јаболкопроизводителите со барања до МЗШВ и средба во најкус рок

Објавено 16/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Продолжување на рокот за субвенции од три денари по килограм продадено индустриско јаболко до 30 јуни идната година, финансиска помош од 100.000 денари по хектар за јаболкови насади и заштита на домашното производство, се дел од барањата на Преспанските јаболкопроизводители што вчера ги испратија до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставници на двете земјоделски здруженија и осумте земјоделски задруги од Преспа денеска остварија средба со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски и побараа итна средба со министерот, односно заменикот министер за земјоделство во најкус рок.

– Петте клучни барања денеска по средбата со градоначалникот ги доставивме до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од каде очекуваме средба најдоцна до крајот на неделата, истакна Љубе Пампулевски, претседател на здружението „Благој Котларски”.

Тој нагласи дека одлучиле да одат чекор по чекор, но доколку институциите не им излезат во пресрет за исполнување на барањата најави порадикални мерки.

– Ќе одиме чекор по чекор. Прво да ги испочитуваме институциите, па потоа ќе преземеме порадикални мерки. Се надеваме на поддршка од Владата за исполнување на нашите барања, изјави Пампулевски по средбата со градоначалникот.

Јаболкопроизводителите, меѓу другото, бараат одговор до каде е постапката за одобрените три денари субвенција за предадено индустриско јаболко, информација за исплата на штети од елементарни непогоди за 2016, 2017 и 2018 година, како и заштита на домашното производство, односно да не се увезува земјоделска култура додека не се продаде домашното.

Ваквите барања се поради ниските откупни цени и немањето пласман на трпезното јаболко, како и големите количини индустриско јаболко, кои останале на нивите.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јаболкопроизводителилаболкаРесен
Претходен напис Утрово најстудено е на Попова Шапка, а таму има и најмногу снег
Следен напис Ладно цеденото масло од маслодајна репка на АГРО ФИЛА, корисно за силен имунитет, енергија и превенција од канцер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?