Штотуку заврши деветиот состанок на ИПАРД Мониторинг Комитетот каде што се разгледуваше статусот на спроведување на ИПАРД 2 програмата
Она што е особено интересно да се спомене е дека околу 50 милиони евра се реализирани како средства од ИПАРД 2 програмата (ЕУ дел) од вкупно 60 милиони евра кои што ни беа доделени, дополнително 20-те милиони евра национално ко-финансирање или вкупно 80 милиони евра колку што тежеше ИПАРД 2 програмата.
Исто така треба да се напомене дека досега од 50-те милиони евра реализирани се 20,8 милиони евра, што значи дека ни останува период од 2 години до кога ќе може овие средства да се исплатат кај земјоделците за планираните и реализирани инвестиции.

Склучени се 2080 договори најмногу за механизација и опрема, но сеуште нема доволно интерес за пообемни инвестиции и градби од страна на земјоделските стопанства, а лоциран е и недоволен интерес за мерките за маркетинг и промоција на земјоделските производи, што пак целосно се поклопува и со последното истражување на Рурална Коалиција – ИПАРД извештај во сенка достапен на следниот линк: https://rural.mk/…/%D0%91%D1%80%D0%B8%D1%84-%D0%A0%D1…
Извор Рурална Коалиција – членка на ИПАРД Мониторинг Комитетот од 2018 година.
