Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: MAMA’S го прославува својот 11 роденден: „Нашата роденденска желба е оваа приказна да стане незаменлив дел од трпезата на секој љубител на 100% природни, органски и локални производи со непроценлив квалитет„
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > MAMA’S го прославува својот 11 роденден: „Нашата роденденска желба е оваа приказна да стане незаменлив дел од трпезата на секој љубител на 100% природни, органски и локални производи со непроценлив квалитет„
Магазин

MAMA’S го прославува својот 11 роденден: „Нашата роденденска желба е оваа приказна да стане незаменлив дел од трпезата на секој љубител на 100% природни, органски и локални производи со непроценлив квалитет„

Објавено 15/12/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

… Не многу одамна, некаде на југот од Балканот, си беа тројца пријатели Петар, Калин и Бобан и удобно си седеа во еден стар, традиционален и многу познат ресторан во Скопје. На масата пред овие тројца големи гурмани имаше богата трпеза со сè што едно гладно око може да посака: салати, предјадења, макала, сирења, неколку видови месо, ракија и вино. Целосно маѓепсани од различните макала како ајвар, лутеница, пинџур и сушени и сечкани пиперки, итн., …воопшто и да не беа свесни дека токму овие прекрасни јадења ќе ја предизвикаат гласната дискусија која следеше.

Одеднаш, изјавата на Петар ја прекина мирната и домашна атмосфера во ресторанот: „Ајварот е генијален, жими сè”. Само ајварот на мајка ми е подобар од овој!. Дали ова го кажа намерно или беше испровоциран од лутото пиперче, не знаеме, ама коцката беше фрлена!
Следен прозборе Бобан, кој со полна уста тврдеше дека неговата мајка додавала специјален зачин во ајварот и дека нејзиниот бил највкусен на целиот свет. Да не остане покус, Калин се обиде да ги убеди другарите дека тајната за вкусен ајвар не е во зачините, туку во љубовта со која неговата мајка го подготвувала.

May be an image of food and indoor

Откако си кажаа што имаа и без некој заклучок, тројцата гурмани одлучија да прошетаат низ Македонија и да го најдат најдобриот домашен ајвар подготвен од мајки. Сакаа лично да го откријат тајниот рецепт на овој прекрасен традиционален деликатес.

Од град во град, од село во село, од куќа до куќа, по многу изминати километри и многу вкусени ајвари, тројцата другари конечно ја најдоа вистинската мајка, вистинскиот рецепт за кој сите го делеа истото мислење. Останатото е историја…

А, по 11 години, МАМА’С претставува спој на привлечни вкусови, проткаени со долгогодишна традиција и многу љубов. По повод роденденот, MAMA’S ги почести следбениците со интересна објава на фејсбук-профилот на компанијата.

„Не знаеме дали е до нашата имагинација или навистина времето „лета“!
Она со сигурност што го знаеме е дека оваа година MAMA’S го прославува својот 11-ти роденден со иста мисија, визија и ентузијазам уште од првиот ден – ширење на бескрајна љубов, неизмерна желба и непресушна гурманска страст за производство на 100% природни производи со премиум квалитет низ целиот свет.

Нашата роденденска желба е оваа приказна да стане незаменлив дел од трпезата на секој љубител на 100% природни, органски и локални производи со непроценлив квалитет ширум светот.

Денес, оваа наша заедничка приказна се раскажува, доживува и прераскажува во 47 земји низ светот, а имаме чувство како да сме на самиот старт од едно незаборавно патување.

Но, сепак ништо од ова немаше да биде возможно без Вашата најголема поддршка и најискрена критика. Вие сте највредниот и најубав роденденски поклон што можеме да го имаме.

Постоиме и дишеме само за Вас!

Со љубов, МАМА’С“

May be an image of food and text that says "MAMA'S :ROASTED PEPPER SALSA .AI& GARLIC Roaated pepper and tomato"

Може да ви се допадне

Ролат со џем од вишни
Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Таг:Mammas
Претходен напис Нѐ очекува студено време со повремени локални врнежи од снег
Следен напис Младиот претприемач Даниел, дипломиран економист, од сточарството направил профитабилен бизнис
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?