Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Младиот претприемач Даниел, дипломиран економист, од сточарството направил профитабилен бизнис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Младиот претприемач Даниел, дипломиран економист, од сточарството направил профитабилен бизнис
Сточарско производство

Младиот претприемач Даниел, дипломиран економист, од сточарството направил профитабилен бизнис

Објавено 15/12/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Даниел Пешов од Виница е дипломиран економист, млад претприемач со основани бизниси во неколку полиња, како посредување при вработување во Германија и онлајн продажба. Семејството на Пешов традиционално се занимава со сточарство, уште од втората половина на 90-тите години, кога бабата и дедото на Даниел останале без работа, како технолошки вишок во фирмата во која работеле.

„Оттогаш сите членови од моето семејство продолжуваат да се занимаваат со сточарство. Работата ни е поделена според различни задачи, со тоа што секој е задолжен за нешто. На почеток на фармата се одгледуваа крави, подоцна чувавме и кози, за на крај да се одлучиме и да се фокусираме на одгледувањето овци. Во моментов имаме околу 300 грла овци. Овците ги одгледуваат моите баба и дедо со помош на двајца вработени. Како производи од овците продаваме овчо бело сирење, јагнешко месо, волна“, вели Даниел.

Даниел ни објасни дека на нивната фарма која го носи името „Пештера“, овците ги чуваат во штали од тврда градба, објекти наменети за чување на добиток. Набавени се од мало стадо од локални одгледувачи, со што со текот на времето и годините стадото окрупнело. Стоката ја хранат со храна од сопствено производство а дел купуваат. Најчесто со пченка, пченица, концентрати, детелина и слама.

Го прашавме Даниел како е задоволен од пласманот и цените на производите што ги продаваат.

„Цените низ текот на годините бележат многу мал раст и скоро незначителен во споредба со растот на цените на храната и другите репроматеријали. Како одгледувачи на овци, не сме задоволни од тој тренд. Засега пласманот е стабилен и сите јагниња и сирење ни се продаваа. Цената на сирењето што го продаваме под брендот „Пештера“ е добра, околу 350 денари за килограм и засега е задоволителна.

„Корисници сме на субвенции во класите кои нѐ следуваат. Потребна е редовна и навремена исплата со цел вистинска стимулација на сточарството и инвестирање на средствата во фармите, со цел зголемување на производството и продуктивно и поквалитетно да се произведат производи кои би биле и поконкурентни на домашниот, па и странскиот пазар. “, вели Даниел.

Освен што фармата на семејството на Даниел е дел од Земјоделската задруга Овчеполка, Даниел е член и секретар на здружението „Млад сточар“.

„Желбата да се направи промена и да се подобри состојбата на сточарството во нашата држава, нѐ донесе до иницијатива со млади луѓе кои исто така се занимаваат со оваа дејност. Сметајќи дека членовите ќе бидат проактивни и спремни да ги спореведат потребните проекти и замисли кои недостасувале од претходните генерации на сточари, кои претежно доминираат како одгледувачи на стока. Од членството во Здружението очекуваме заедичка соработка, размена на искуства, заеднички настап на пазари, заеднички апликации за проекти. Исто и креирање на една платформа преку која, младите сточари заеднички и групно можат да настапат пред државата и да бидат репрезент од секторот.

Што би им препорачале на младите луѓе кои сакаат да се занимаваат со сточарство?

„На младите луѓе кои сакаат да се занимаваат со сточарство би им препорачал да бидат храбри, промислени и спремни за многу работа. Сточарството е доста напорен сектор, но доколку биде работено со план и со цел за поголем обем, може да биде и многу профитабилен бизнис преку кој може да се обезбеди солидна заработувачка, храна и приноси за себе, потесното и поширокото семејство, па дури и за околината.“, порачува Даниел.

Младиот Даниел ни одговори што според него треба да се подобри во сточарството во Македонија.

„За да се подобри сточарството во државата потребена е активна меѓуинституционална соработка, каде што со персонализирани проекти за секоја фарма, како и пристап со специјални програми, советници, маркетинг експерти, но секако и бизнис-советници и финансиски средства, директно би им се помогнало на оние кои професионално се занимаваат со оваа дејност. Потребно е да се овозможи полесен и дерегулиран пристап на производите до локалните пазари, каде што сточарите ќе можат директно да ги продаваат производите на потрошувачите.“

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:Даниел Пешов
Претходен напис MAMA’S го прославува својот 11 роденден: „Нашата роденденска желба е оваа приказна да стане незаменлив дел од трпезата на секој љубител на 100% природни, органски и локални производи со непроценлив квалитет„
Следен напис Отворени се сите пунктови за откуп на тутунот, просечната цена е 181,6 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?