Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Денеска и во четврток претпладне утринските температури насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, кои во сабота се очекува да бидат пообилни.

