Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РУРАЛЕН РАЗВОЈ: Во буџетот за 2022 година планирани се средства во износ од 500.000.000 денари за современа рурална инфраструктура
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > РУРАЛЕН РАЗВОЈ: Во буџетот за 2022 година планирани се средства во износ од 500.000.000 денари за современа рурална инфраструктура
Агровест

РУРАЛЕН РАЗВОЈ: Во буџетот за 2022 година планирани се средства во износ од 500.000.000 денари за современа рурална инфраструктура

Објавено 04/12/2021
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупниот буџет за 2022 година за секторот земјоделство, што подразбира неколку институции изнесува околу 9,13 милијарди денари. Во оваа сума спаѓаат основните буџети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Управата за хидрометеоролошки работи.

Основниот буџет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2022 година е проектиран на 2,025 милијарди денари. Средствата од буџетот ќе овозможат континуитет во реализирањето на мерките и политиките за развој на земјоделскиот сектор. Најголемата сума во износ од 1,27 милијарди денари од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е наменета за Управата за водостопанство. Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за 2022 споредено со 2021 година е зголемен за околу 255,7 милиони денари и овие средства се главно насочени во водостопанството, односно околу 165,5 милиони денари од зголемената сума за буџетот за 2022 година се наменети за проектите за водостопански капитални инвестиции. Ова е логичен чекор, креиран од потребата за стабилно наводнување и е во насока на намалување на влијанието на климатските промени.

„Веќе неколку години го потенцираме значењето на обезбедување услови за развој на стабилно, конкурентно и модерно земјоделско производство. Тоа не е можно без вода. Затоа, и во 2022 година, продолжуваме со инвестиции во водостопанството кои опфаќаат продолжување на започнатите проекти и изградба на нови системи“, потенцираше Димковски.

Тој изјави дека сите започнати проекти од областа на водостопанството, ќе продолжат и во наредната година според динамиката на градба, потенцирајќи дека Браната „Конско“ ќе биде завршена.

Во 2022 година ќе започне нов проект – Програма за наводнување на Северна Македонија, во износ од 10 милиони денари.

Останатите средства од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се наменети за инвестиции во земјоделството и руралниот развој во износ од 279.880 милиони денари, потоа за шумарскиот сектор, во износ од 223,52 милиони денари од кои 197,4 милиони денари за Шумската полиција и 28,1 милиони денари за Програмите за шумарство и ловство. Фитосанитарната политика за заштита на растенија и семе и саден материјал е поддржана со над 67,3 милиони денари, од кои 20 милиони денари се наменети за фитосанитарната програма, што е исклучително важно за поголем извоз на европските пазари и обезбедување на висок квалитет и заштита на здравјето на потрошувачите.

Институциите кои функционираат со сопствен буџет, продолжуваат и во 2022 година со отприлика истиот буџет како и за 2021 година.

Како и секоја година, најголем дел од средствата од буџетот на секторот земјоделство се алоцирани во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Во 2022 година, Агенцијата ќе располага со 6.14 милијарди денари од кои околу 5,6 милијарди денари се наменети за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој или подетално околу 4,5 милијарди денари се наменети за редовна исплата на субвенциите и 1,15 милијарди денари за капиталните инвестиции во руралниот развој.

Овие средства ќе овозможат континуирано реализирање на Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој, програма во која се инкорпорирани и популарните мерки како што се „Млад земјоделец“ и „Рурална жена“. Новина за оваа година е креирана кај мерката популарно наречена „Рурална жена“, каде износот на поддршката за жените носители на земјоделски стопанства е дуплиран и од оваа година, поддршката се зголемува од 180.000 денари на 360.000 денари.

Во буџетот за 2022 година планирани се средства во износ од 500.000.000 денари за современа рурална инфраструктура. Овие средства се наменети за проекти за локална патна инфраструктура, водоснабнителни и канализациони системи, опрема за детски, младински или пензионерски културни центри, означување на културни и природни знаменитости во рурални средини, одбележување и унапредување на планинарски и велосипедски патеки и други проекти значајни за локалниот развој.

За модернизација на земјоделските стопанства, планирана е поддршка во вредност од  360 милиони денари, наменети за набавка на висококвалитетен добиток, подигнување на нови повеќегодишни насади, набавка на трактори, набавка на комбајни за ориз и инвестиции во иригациони системи „капка по капка“.

Уште една нова мерка за 2022 година е овозможена со усвојувањето на Програмата за финансирање на микро земјоделски компании. Преку оваа програма обезбедени се средства за „start–up“ на мали бизниси за земјоделци кои имаат семејни стопанства, без разлика дали се правни или физички лица. За „start–up“ идеите предвидени се грантови до 10.000 евра.

Во однос на другите институции кои се дел од секторот земјоделство, АХВ во 2022 година ќе располага со вкупен буџет од 623 милиони денари. Буџетот на Управата за хидрометеоролошки работи во 2022 година е проектиран на над 94 милиони денари.

Другите институции располагаат со значително помали буџети во однос на Платежната агенција и АХВ и нивните буџети се отприлика исто колку и за 2021, без големи отстапувања.

Заменик-министерот Димковски на крајот од своето излагање потенцираше дека буџетот за агросекторот за 2022 година е креиран домаќински, без непотребни трошоци и со силен стимулативен ефект за, развој и заштита на земјоделското производство и приближување до европските аграрни политики.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Нов агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци!
Таг:буџетземјоделциИпардсубвенции
Претходен напис Од 124-та седница на Владата: Владата ги „замрзна“ цените на основните артикли; Со прифатени дел од амандманите, Буџетот 2022 оди на усвојување во Собрание; Донесена Фискалната стратегија за 2022-2024 година
Следен напис Во Росоман отворен центар за промоција „ТЕРА ВИНО”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?