Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димковски за буџетот во земјоделство 2022: Најмногу пари во системи за новоднување, за отпочнување мали бизниси грантови до 10.000 евра, за рурална жена 6.000 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димковски за буџетот во земјоделство 2022: Најмногу пари во системи за новоднување, за отпочнување мали бизниси грантови до 10.000 евра, за рурална жена 6.000 евра
АгровестиСубвенции

Димковски за буџетот во земјоделство 2022: Најмногу пари во системи за новоднување, за отпочнување мали бизниси грантови до 10.000 евра, за рурална жена 6.000 евра

Објавено 04/12/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Буџетот за земјоделството за 2022 година има развојна компонента со фокус на капитални водостопански инвестиции. Вупниот буџет, кој опфаќа неколку институции, изнесува 9,13 милијарди денари наменети за  основните буџети на МЗШВ, Платежната агенција, Агенција за поттикнување и развојот на земјоделство, Агенција за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство, Државниот инспекторат за шумарство и ловство и Управтаа за хидрометереолошки работи.

Заменик-министерот Трајан Димковски денеска на прес-конференција соопшти дека најголема сума во износ од 1,27 милијарда денари од буџетот на МЗШВ е наменет за Управата за водостопанство затоа што, рече, веќе неколку години го потенцираме значењето на обезбедување услови за развој на стабилно, конкурентно и модерно земјоделско производство.

-Тоа не е можно без вода. Затоа и во 2022 година продолжуваме со инвестиции во водостопанството кои опфаќаат продолжувње на започнатите проекти и изградба на нови системи. Буџетот на МЗШВ за 2022 година споредено со 2021 е зголемен за 255,7 милиони денари и овие средства се главно насочени во водостопанството, односно 165,5 милиони денари од зголемената сума во буџетот за 2022 година се наменети за проекти за водостопански капитални инвестиции. Ова е логичен чекор креиран од потребата за стабилно наводнување и во насока на намалување на влијанието на климатските промени. Институции кои функционираат со сопствен буџет продолжуваат и во 2022 година со истиот буџет како и за 2021, истакна Димковски.   

Основниот буџет на МЗШВ за 2022 година е проектиран на 2,025 милијарди денари кои, како што рече, ќе овозможат континуитет во реализирање на мерките и политиките за развојот на земјоделскиот сектор.  

Останатите средства од буџетот на МЗШВ се наменети за инвестиции во земјоделство и руралниот развој, во износ од 279 милиони денари, потоа во шумарскиот сектор во износ од 223 милиони денари, од кои 197 милиони денари за шумската полиција, 28 милиони денари за програма за шумарство и ловство.

Како и секоја година, најголем дел од средствата од буџетот на секторот земјоделство се алоцирани во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.  

За капиталните инвестиции за руралниот развој се издвоени 1,15 милијарди денари, кои ќе бидат распоредени со цел континуирано реализирање на Програмата за финансиска поддршка за руралниот развој.

Новина што го разликува овој буџет од буџетот за 2021 година, посочи Димковски, се средствата за отпочнување мали бизниси стартап проекти со грантови до 10.000 евра, дуплиран износ за мерката „Рурална жена“ од 3.000 на 6.000 евра неповратен грант и демаркација на средствата од ИПАРД-програмата за вредност од 351 милион денари насочени за зголемување на националното кофинансирање за примарното производство од 10.000 евра.

-Буџетот е креиран домаќински, без непотребни трошоци и со силен стимулативен ефект за развој и заштита на земјоделството производство и приближување до европските земјоделски политики, Искрено се надевам дека и во услови на светска здравтсвена и економска криза ќе успееме да продолжиме да го развиваме земјодлскиот сектор, рече Димковски.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:мзшвпарипрограмасубвенции
Претходен напис На европските земјоделци им се враќаат 686 милиони евра
Следен напис Од 124-та седница на Владата: Владата ги „замрзна“ цените на основните артикли; Со прифатени дел од амандманите, Буџетот 2022 оди на усвојување во Собрание; Донесена Фискалната стратегија за 2022-2024 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?