Постојат многу варијации на тема варено вино, а ова е основниот рецепт.
Студените есенски денови се идеален период да го загреете телото со топол пијалак како што е вареното вино. Ова е основниот рецепт за подготовка на овој закрепувачки пијалак.
Состојки:
1 литар црвено вино
1 пакетче кора од цимет или кесичка мелен цимет
неколку каранфилчиња
150-200 мл вода
5-7 лажички шеќер (или повеќе ако сакате послатко)
кора од портокал (по желба)
Подготовка:
Растопете го шеќерот во водата, додадете ги циметот, каранфилчето, кората од портокал и варете додека не испари околу половина од водата. Истурете го виното и оставете да зоврие. Послужете во топли шолји.
