Развојна банка на својата веб-страница објави јавен повик со кој им се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 месеци.
Како што велат од банката, објавувањето на јавниот повик е согласно задолжението од Владата и Анекс кон договорот за администрирање на фонд за микро и мали претпријатија.
Како услов за одобрување на барање за дополнително утврдување на грејс период и продолжување на рокот на отплата на кредитот е кредитокорисникот, пред поднесување на барањето, да ги има подмирено сите доспеани обврски по основ на главница и камата по кредит од кредитната линија од Фонд за микро и мали претпријатија (Ковид 3).
Повикот важи заклучно со 11.12.2021 година кога е последниот ден за поднесување на барањата.
Барањето до РБСМ за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на „Ковид3“ кредитната линија треба да се достави на следната веб форма.
Линкови:
– Барање за дополнителен грејс период и рок на отплата на кредит одобрен од „Ковид3“
– Веб-форма на која се прикачува Барањето
За одобрените барања за дополнително утврдување на дополнителен грејс период од 12 месеци и соодветно продолжување на рокот на отплата на кредитот, кредитокорисниците ќе бидат известени од страна на РБСМ на нивниот е-маил запишан во тековната состојба, при што ќе им биде доставен за потпишување и Анексот кон договорот за кредит.
