Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На „Стартапувај 3“ обезбедена најголема финансиска поддршка за стартапите во историјата на ФИТР
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На „Стартапувај 3“ обезбедена најголема финансиска поддршка за стартапите во историјата на ФИТР
Агровести

На „Стартапувај 3“ обезбедена најголема финансиска поддршка за стартапите во историјата на ФИТР

Објавено 01/12/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новите 70 стартап проекти, поддржани со вкупно 2,6 милиони евра неповратни средства, претставуваат најголема финансиска поддршка за старт-ап и спин-оф компаниите во историјата на ФИТР, истакна директорот на ФИТР Коста Петров, на денешната презентација на резултатите од јавниот повик „Стартапувај 3″.

Петров додаде дека поради големиот број на квалитетни проекти, Комитетот за одобрување на инвестиции, побарал првично предвидениот вкупен буџет од 2 милиони евра, да се зголеми со дополнителни 630.000 евра.

Вкупниот обем на инвестиции во овие проекти изнесува 3 милиони евра, од кои вкупно 385 илјади евра се средства кои ќе ги инвестираат самите компании.

„Ова е година на рекордни финансиски инвестиции во македонските стартапи. Поддршката преку инструментот „Стартапувај”, во текот на трите циклуси бележи неверојатен раст. Па така, ако на првиот повик кофинансиравме со околу 1,2 милиони евра, денес зборуваме за поддршка која изнесува повеќе од двојно. Со новата бројка од 70 стартапи, бројката на поддржани стартап компании, во целокупното портфолио на ФИТР достигна 393 компании со заеднички инвестиции од дури 32 милиони евра. Според анализите кои ги направивме, кај стартапите во период од една година пред користење на финансиите, до 2 години по нивното искористување, просечните приходи имаат раст од 197%. Во истата временска рамка просечните расходи се имаат зголемено за 220%”, посочи Петров.

Деведесет отсто од поддржаните компании се нови корисници на Фондот, додека само 7 компании се поддржани по втор пат. Со цел поголема пристапност до финансиска поддршка, на овој јавен повик ФИТР воведе новина, односно можност да аплицира и проектен тим кој се состои од најмногу 5 физички лица. Од 70 кофинансирани проекти, вкупно 31 се од апликанти составени од проектни тимови кои, пред да започнат со реализација на проектите имаат обврска да регистрираат трговско друштво.

На повикот, овој пат доминираат четири нови сектори: машинство, креативни индустрии земјоделство, технолошки индустрии. Од поддржаните проекти иновации бележат од фарматек и здравствената индустрија со иновативен софтер за фармацевтските компании, концепт за анализа на генетски податоци, прва бионичка рака во државата. Од агротехнологијата поддржани се проекти со софтвери за следење и автоматизација на земјоделски производи во затворен простор, прецизно земјоделство и дронови. Од областа на Вештачката интелигенција во чиишто развој ФИТР интензивно инвестира, поддржани се нови проекти за поддршка за анализа на неструктуирани текстови од локални јазици, софтвер со вештачка интелигенција за стоматолошката индустрија, како и софтвери за примена на вештачката интелигенција во земјоделството.

(Целосната листа на поддржани проекти е достапна на веб страната на ФИТР.)

На прес конференцијата директорот на ФИТР Петров, ги најави и планираните активности на Фондот за 2022 година, особено за стартап компаниите. Следната година планиран е јавниот повик Стартапувај 4, поструктуирано инвестирање во нови категории на стартапи: дип тек и бизнис импакт стартапи. Најавени се и комерцијализација на земјоделските технологии како и нов повик за акцелератори со фокус на инвестициската подготвеност на македонските стартапи. Следната година ФИТР за првпат ќе инвестира и во стартап хабови.

Најголемата поддршка за македонските стартапи во 2022 година, ќе дојде преку Хибридниот инвестициски фонд од 27 милиони евра во кој државата ќе инвестира 10 милиони евра. Инвестицискиот фонд ќе биде менаџиран од интернационален фанд менаџер според регулативата на ЕУ и истиот ќе инвестира од 100.000 до 1,5 милиони евра во македонски стартапи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:FITRStartapuvaj 3
Претходен напис Најскапото сирење во светот се произведува во Србија – Килограм чини околу 1.000 евра, а е на 12-то место меѓу најскапите намирници во светот
Следен напис На 3 и 4 декември во Битола ќе се одржи Винскиот салон – Slow Wine 2021
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?