Сликата за земјоделство во Пожаревац и околината драстично се смени откако градската управа го укина аграрниот фонд и премина на директни субвенции за сите земјоделци. Поседите се зголемија, механизацијата по неколку децении се обнови, овоштарството заживеа.
За Милош Стојановиќ од Лучица да може да ги подготви нивите за есенска сеидба, некогаш морал трипати да ја врти земјата – со плуг, тањирача и дрљача.
Со субвенциите од Град Пожаревац купил поголема тањирача и сеилка за семе, па за половина час завршува хектар нива.
„Нам многу ни значи затоа што е побезбедно да се аплицира во градот, ни се враќаат 40 проценти од целокупната сума на машината и секогаш ни се враќаат до крајот на годината“, вели Милош Стојановиќ, земјоделец од Лучица.
Субвенциите од 60 проценти за нови овошни насади, колку што беа кога беа пуштени во 2016 година, ги мотивираа да садат и граѓаните кои никогаш не се занимавале со земјоделство.
Владимир Ловре од Пожаревац купил три хектари земја и засадил круши.
„Одгледуваме круши за консумирање. Во моментов немаме ништо во план за понатамошна обработка. Размислуваме за тоа, но засега сѐ уште е рано. Оваа година беше втора реколта. Има време. Тоа е иднина на овоштарството во преработките“, вели Владимир.
За пет години овоштарството оживеало. Повеќе од 60.000 нови овошни садници сега се нишаат помеѓу пченката, житото и сончогледот на 47 хектари.
Зголемени се имотите на земјоделците, па така поголемите стопанства обработуваат и до 300 хектари земја, а после неколку децении механизацијата е обновена со 416 нови машини.
„Сите земјоделци кои аплицираа и ги исполнуваа условите добија субвенции. Никој не беше одбиен. Во 2021 година имаме обезбедено буџет од 30 милиони динари, а според сегашниот конкурс имаме 262 апликации“, вели Бојан Диниќ, член на советот за земјоделство. Од градскиот буџет на име субвенции досега се исплатени 148 милиони динари. Работата ја олеснува и редовното уредување на полските патишта, за што оваа година општината издвои 18 милиони динари.
Извор: rts.rs
