Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дебарско под снег, внимателно возење на сите патни правци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Дебарско под снег, внимателно возење на сите патни правци
Агропрогноза

Дебарско под снег, внимателно возење на сите патни правци

Објавено 30/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По неколкудневните обилни врнежи од дожд, дебарскиот регион денеска е под снежна покривка, која на пониските места е над 20 сантиметри, а на повисоките и двојно поголема.

-Снегот засега, не создава поголеми проблеми. Во двете општини, Дебар и Центар Жупа, се врши расчистување на снегот на патните правци во сите населени места од страна на фирмите кои се ангажирани за зимско одржување, а на регионалните од страна на дебарската секција на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, рече за МИА, Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот центар за управување со кризи.

May be an image of 1 person, snow and road
Фото: Facebook

Од секцијата потврдија дека сообраќајот на патните правци кои се под нивна надлежност се одвива во зимски услови со остатоци од кашест снег. Од таму препорачуваат многу внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

-Наши екипи се постојано на терен. Располагаме со доволно количини на сол и ризла, како и соодветна механизација. Од петти месецов работите со постојано дежурство, со комплетни екипи и потребната механизација, додаваат од секцијата.

Во двете општини непрекинато се одвиваат активности за расчистување на снегот во градот и сите населени места од страна на тендерираните фирми за одржување на улиците и патиштата во зимскиот период.

-Во тек е расчистување на снежната покривка по локалните патишта од сите населени места во општина Центар Жупа, која во Горна Жупа е над 30 сантиметри. Активностите со расчистување на локалните патишта ќе продолжат се до создавање на услови за непречено одвивање на сообраќајот, изјави за МИА, Бирџан Селман, претседател на Советот на општината.

Под надлежност на дебарската секција се патишта во должина од над 110 километри и тоа делниците Дебар – Жировница (патен правец Дебар – Маврово), Дебар – Глобочица (патен правец Дебар – Струга), патот кон граничниот премин „Блато”, кракот Бошков Мост кон селата на Мала Река, како и патот Мелнички Мост – Центар Жупа.

Може да ви се допадне

УХМР: Нестабилно време до петок, локално можно невреме со град
Многу топло, попладне нестабилно со дожд, грмежи и ветер
До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Таг:debar
Претходен напис Нивото на Треска и натаму расте, поплавени ниви и ливади
Следен напис Како субвенциите го заживеаја подрачјето на Пожаревац
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?