Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Штркот Симо оздраве благодарение на сопружници биолози од Неготино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Штркот Симо оздраве благодарение на сопружници биолози од Неготино
Магазин

Штркот Симо оздраве благодарение на сопружници биолози од Неготино

Објавено 29/11/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Животната приказна на штркот, кој беше згрижен по пад од гнездо во обид да го направи првиот лет во животот, е полна со емоции. Таа е доказ дека сѐ уште има човечко во луѓето и дека постои посебна пријателска хемија помеѓу љубителите на природата и екологијата и останатиот животински свет.

Сѐ почнало пред неколку месеци, кога ова младо штркче изглегло од родителското гнездо, со намера да лета низ небесната шир, како и останатите членови од птичјото семејство. Но, од непознати причини, наместо во царството на небесните височини, тоа завршило на улица, удирајќи во асфалтот. Паднало од гнездото по неуспешниот прв лет.

– Не знаеме како и зошто дошло до падот. За среќа, штркчето останало живо, иако со видливи повреди. Мештани кои живеат во тој дел на градот близу до нас, се погрижиле младата птица да не биде изедена од некое животно или згазена од автомобил. Една недела штркчето беше згрижено од соседите. Знаејќи дека на неготинска територија долги години функционира регионалното Здружение на граѓани за заштита на природата, „Ековита”, тие го донесоа повреденото душиче кај нас. Ја презедовме грижата за него, раскажа претседателот на Здружението, Сашко Тодоров, за МИА.

Следувал период на рехабилитација и заздравување.

– Јас и мојата сопруга Маја сме дипломирани инжинери биолози и направивме сѐ што беше во рамки на нашите можности, да му помогнеме на штркчето да си ја врати силата и да биде во форма. Со месеци редовно го храниме и го негуваме. На почеткот не можеше да лета, а додека заздравуваше штрковите заминаа за југ, тоа остана во Неготино. Ќерката Кристина, му го даде името Симо. Се обидовме да го сместиме во соодветна институција каде што би можело да биде во друштво на други животни и птици, но не успеавме во тоа. Затоа одлучивме привремено да остане кај нас, на сигурно, да го негуваме до пролет и тогаш да го пуштиме во природата, кога ќе дојдат преселните птици, а со нив и штрковите, од топлите краишта. Ако сега го пуштиме, времето е студено и нема да може да се снајде, па може да умре без храна. Во семејниот двор друштво му прават нашите кучиња и тие веќе се спријателија со него. Симо веќе порасна и може да лета. Нека пукне пролет, па слободно ќе може да биде таму, каде што судбината го одредила неговото постоење – раскажа Тодоров.

Додека да дојде пролет, Симо редовно добива храна, љубов и внимание.

– Има специфично мени, бидејќи е месојадна птица, одгледуваме различни видови инсекти со цел да му обезбедиме природна свежа храна, со цел на пролет самостојно да продолжи да живее – вели Тодоров.

Тој појасни дека штрковите се нежни, мирни, друштвени и грациозни животни, а не се плашат многу од човекот.

– Ние Симо го прифативме кај нас дома како член на семејството. Живееме до парк каде што редовно го пуштаме да се истрча и да полета малку. Со својата појава, тој е атракција, особено за децата кои имаат можност во живо да видат штрк. Можете да се уверите дека тој веќе некое време е главен фраер во нашето маало, додаде екологистот.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:штркот симо
Претходен напис Недостигот на ѓубриво ќе доведе до слаби приноси и голема прехранбена криза во светот
Следен напис „Од поле до маса“, новата стратегија на ЕУ ја фаворизира органската храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?