Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО)Земјоделците од Валандовско ги повикуваат преработувачите на соработка: „Што сакате ќе ви произведеме“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО)Земјоделците од Валандовско ги повикуваат преработувачите на соработка: „Што сакате ќе ви произведеме“
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

(ВИДЕО)Земјоделците од Валандовско ги повикуваат преработувачите на соработка: „Што сакате ќе ви произведеме“

Објавено 26/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преработувачите им свртија грб на земјоделците

Вчерашната трибина во Валандово за Договорно производство за жал беше неуспешен обид за воспоставување на соработка меѓу земјоделците и преработувачите.

Причината ја адресираме до преработувачите, кои иако уредно поканети, лично и преку официјална покана до МАП не се одзваа на поканата.

Имаше претставник само од „Тргопродукт“ со што уште еднаш ја покажаа високата професионалност кога е договорното производство во прашање.

Јован и неговите колеги земјоделци, млади, вредни, производители на зелка од Валандово со право беа разочарани од однесувањето на преработувачите. Им свртија грб оние кои треба да им бидат партнери. А сакаа да им кажат дека можат да произведат не само зелка, туку било која земјоделска култура која им е потребна за преработка. И колку сакаат количини. Најважно им е само да знаат дека производот ќе има решен пласман, најголемиот нивен проблем.

А јас навистина сум загрижена од фактот дека се нема слух за домашното производство на земјоделски производи, ќе се стимулира увозот, ќе расте трговскиот дефицит, ќе се одлеваат девизи од државата за нешто што може овде да се произведе. И ако за ова најчесто укажуваа преработувачите и се повикуваа на потребата од договорно производство, прашањето е дали е сето тоа само декларативно, додека се бара квота плус за увоз на суровина? Дали можеби немаат обезбедено пазар, имаат залихи или нешто друго е во прашање.

Останува во идниот период ова да се разговара и лично со нив, но и со институциите кои се задолжени за субвенционирање и развој на македонскиот аграр. Проблем очигледно има и треба да се најде начин да се делува.

Јас не се откажувам од идејата дека Договорното производство е најдобриот модел кој гарантира успех како за земјоделците така и за државата. Особено кога до мене стојат вакви здружени земјоделци кои можат да бидат носители на земјоделското производство во тој регион. Слушнете го нивното размислување и апел до преработувачите:

Ленче Николовска

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Индија останува без јаболка – Поради климатските промени, овоштарниците во Кашмир наскоро би можеле да исчезнат
Следен напис Рудникот САСА ја продолжува поддршката за одржливост на рибниот фонд во езерото Калиманци
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?