Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Дебарско есенската сеидба реализирана 80 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Дебарско есенската сеидба реализирана 80 отсто
Агровести

Во Дебарско есенската сеидба реализирана 80 отсто

Објавено 19/11/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, досега реализирале околу 80 отсто од планираните есенски сеидбени работи.

Според Арбен Муладаути, вршител на должноста раководител на дебарската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со есенски култури ќе бидат засеани 220 хектари.

– Од вкупно планираните површини, 215 хектари ќе се засеат со житните култури, од кои 80 со пченица, 95 со јачмен, 5 со ’рж и 35 хектари со други житни култури. Што се однесува до индустрските култури, на 5 хектари ќе биде застапена маслодајната репка – вели Муладаути.

Додава дека планирано е, најголем процент, 190 хектари, да бидат засеани од индивидуалните земјоделци. Досега се засеани над 140 хектари. Земјоделските претпријатија, пак, веќе ги засеале планираните 30 хектари.

-Тоа значи дека есенската сеидба е реализирана со 80 отсто или засеани се над 170 хектари. Очекуваме да заврши пред оптималниот рок, кој е до средината на декември, во зависност од временските услови, посочува тој.

Земјоделците располагаат со сета потребна механизација, квалитетен семенски материјал и ѓубрива.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:есенска сеидба
Претходен напис Уништувањето на шумите во бразилската амазонска прашума е зголемено за 22 отсто за една година
Следен напис Исплатени средствата од петтиот Ковид пакет за тутунопроизводителите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?