Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како се спроведува електронско јавно наддавање кога има оглас за земја над 3 хектари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Како се спроведува електронско јавно наддавање кога има оглас за земја над 3 хектари
Растително производство

Како се спроведува електронско јавно наддавање кога има оглас за земја над 3 хектари

Објавено 22/11/2019
Сподели
10 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

НАЧИН И ПОСТАПКА НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Изборот на најповолен понудувач во постапката по јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање, се врши врз основа на највисоко понудена годишна запупнина по хектар за целина постигната по пат на електронско јавно наддавање.

Постапката за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп за површини над 3 хектарипо пат на електронско јавно наддавање може да се спроведе иако во неа земал учество и само еден понудувач и наддаде над почетната цена.

Почетниот износ на елекронското јавно наддавање е во висина на почетната цена за една целина утврдена во самиот јавен оглас.

Комисијата за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост по пат на електронско јавно наддавање во рок од три дена по истекот на рокот за поднесувањето на пријавите, по електронски пат ги известува подносителите на пријавите на јавниот оглас за комплетноста и соодветноста на пријавата согласно условите од јавниот оглас, при што на понудувачите кои доставиле комплетна и соодветна пријава им доделува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на понудувачите кои доставиле некомплетна или несоодветна пријава им доставува известување дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.

Понудувачите кои доставиле комплетна и соодветна пријава, на денот на јавното наддавање, се регистрираат на интернет страницата наведена во огласот со корисничкото име и шифрата за учество на јавното наддавање, по што имаат право да учествуваат на јавното наддавање.

Понудувачите во прилог на пријавата треба да достават и своја валидна е-маил адреса на која ќе бидат известени од страна на Комисијата за датумот и часот на почетокот на електронското јавно наддавање.

Пријавувањето на електронското јавно наддавање понудувачите го најавуваат на http://62.220.210.66:8080/auction.

Електронското јавно наддавање започнува со објавување на почетната цена по хектар на земјоделското земјиште предмет на закуп, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците во јавното наддавање.

За успешно спроведена постапка за јавно наддавање потребно е да има најмалку едно постапно наддавање не пониско од 5% од утврдената почетна цена на годишната закупнина над почетната цена по хектар.

Јавното наддавање не може да трае пократко од 15 минути. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време за траење на јавното наддавање, од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда не пониско од 5% од последната доставена понуда.

Комисијата за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост по пат на електронско јавно наддавање по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.

Избран најповолен понудувач е лице учесник на електорнското јавно наддавање односно од приемот на известувањето за избран најповолен понудувач кој понудил последна цена и која е највисока постигната закупнина по хектар понудена на јавното електронско наддавање.

Постапката за јавно наддавање завршува по истекот на рокот за поднесување на приговор доколку не е поднесен ниту еден приговор односно до донесување на решение по приговорот доколку не е поднесена жалба против решението, а ако е поднесена жалба против решението, по правосилноста на решението.

По правосилноста на решението во рок од 30 дена министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство со избраниот најповолен понудувач склучува договор за закуп на земјоделско земјиште.

Доколку во рокот од 30 дена избраниот понудувач не го склучи договорот за закуп или не достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот односно депозит на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија, Министерството го склучува договорот со следниот рангиран понудувач согласно со неговата понуда. Следниот рангиран понудувач за склучување на договор се утврдува врз основа на записникот за спроведеното јавно наддавање, односно извештајот за евалуација на понудите доколку изборот на најповолен понудувач се врши без спроведување на постапка за електронско јавно наддавање изготвени од страна на надлежните комисии за давање под закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп.

Избраниот понудувач кој нема да го склучи договорот за закуп во рок од 30 дена или нема да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот односно депозит е должен во рок од 15 дена од истекот на рокот за склучување на договорот за закуп односно рокот за доставување на банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот односно депозит на име надоместок на штета да плати износ во висина на понудената годишна закупнина независно од наплатата на банкарската гаранција за учество во постапката.

Избраниот понудувач на јавен оглас за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост во закуп или на јавен повик за прибирање на понуди за површина над 3 ха, по склучување на договорот во рок од 15 дена е должен да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот или депозит на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија во висина на 5% од планираните инвестиции во понудата на избраниот понудувач, но не помалку од висината на деветмесечна закупнина.

Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот мора да биде безусловна, неотповиклива и наплатлива на првиот повик и изнесува 5% од планираните инвестиции во понудата на избраниот понудувач, но не помалку од висината на деветмесечна закупнина.

Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да е со важност за целиот период на траење на договорот, а ќе се обновува на секои три години.

Банкарската гаранција се доставува најкасно 30 дена пред истекот на рокот за обновување.

Во случај кога со записник за извршен инспекциски надзор се утврди дека закупецот ги реализирал планираните инвестиции согласно договорот за закуп, а банкарската гаранција или депозитот се повисоки од износот на годишната закупнина, банкарската гаранција се заменува со банкарска гаранција во висина на деветмесечна закупнина или депонираните средства му се враќаат на закупецот до висина на деветмесечна закупнина.

Доколку банкарската гаранција не биде обновена во предвидениот рок преставува основ за раскинување на договорот.

Депозитот му се враќа на закупецот во рок од 30 дена по истекот на договорот за закуп под услов во целост да ги исполнил обврските од договорот. Депозитот по барање на закупецот може да биде искористен и за плаќање на закупнина во последната година од важноста на договорот за закуп под услов да ги исполнил сите останати обврски од договорот за закуп.

Депозитот се задржува како приход на Буџетот на Република Северна Македонија во случај на раскинување на договорот за закуп поради неисполнување на обврските од договорот од страна на закупецот.

Договорот за закуп влегува во сила со денот на воведувањето во владение на закупецот врз земјоделското земјиште предмет на договорот од страна на закуподавачот и тоа само за површините за кои е воведен во фактичка власт. Земјоделското земјиште предмет на договор за закуп кое нема да биде ставено во владение на закупецот во рок од една година од денот на склучувањето на договорот, може да биде предмет на нови постапки предвидени согласно со овој закон за давање на земјоделското земјиште во државна соспвеност во закуп или плодоуживање.

Најповолниот понудувач со кој се склучува договорот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост е должен закупнината да ја плаќа до 31 јули во тековната година за претходната година, сметано од денот на записничкото воведување во владение на земјоделското земјиште предмет на договорот.

За земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.

Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека  настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закупнина.

Може да ви се допадне

Утре во Виница ќе се спроведе прскање против комарци од земја
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Таг:возрасземјајавен повикобврскаоглас
Претходен напис При крај е есенската сеидба во Пелагонија
Следен напис Во Делчево утре ќе се засадуваат околу 200 садници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?