Оние кои сакаат кисела зелка, дефинитивно треба да го пробаат овој рецепт. Вака подготвената зелка со задоволство ќе ја јадете со сите оброци, а готова е за само 3 дена. Само наредете ја зелката во тегла, прелијте ја и оставете ја да отстои. Зелката ќе остане крцкава.
Состојки:
2 килограми зелка (тврд дел)
3 црвени пиперки
3 мали моркови
1 чешне лук
1 лажица сол за секоја тегла од 1 литар или половина лажица сол за тегла од 600 мл
65 мл вински или јаболков оцет за секоја тегла од 1 литар или 30 мл вински или јаболков оцет за тегла од 600 мл
доволно топла вода
лимон
Подготовка:
Исечете ја зелката на резанки, пиперката на ситни парчиња и изрендајте го морковот. Измешајте сè и наполнете ги теглите. Добро притиснете за да собере што е можно повеќе. Додадете сол во секоја тегла колку што е наведено за таа големина. Лукот излупете го и исечете го на 2 или 3 парчиња, ставете по неколку во секоја тегла. Наполнете ги теглите со топла вода, таа ќе ја омекне зелката. Со лажиче притиснете ја зелката и додадете го оцетот. На врвот од секоја тегла ставете парче лимон. Затворете ги теглите со капак и малку протресете. Да се чува на темно и ладно место. Веќе после 3 дена може да се јаде, зелката ќе биде кисела.
Начинот на подготовка можете да го погледнете и во следното видео:
