Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунарите и откупните компании се подготвуваат за предвремениот откуп на тутунот во Струмичко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунарите и откупните компании се подготвуваат за предвремениот откуп на тутунот во Струмичко
Агровести

Тутунарите и откупните компании се подготвуваат за предвремениот откуп на тутунот во Струмичко

Објавено 16/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тутунопроизводителите и откупните компании се подготвуваат за почеток на предвремниот откуп на тутунот од годинашната реколта во Струмичко, кој официјално почна вчера.

Дел од компаниите веќе ги отворија откупните пунктови, делат амабалажа за пакување на тутунот, а тутунарите ја подигаат амбалажата и се подготвуваат да го предадат производството.

Според Марјан Трајков, претседател на Здружението „Басмак” од село Василево, се очекува предавањето на тутунот да почне до крајот на овој месец.

-Годинава е намалено производството на тутунот и сметаме дека нема да има проблем да се откупат количините. Во Струмичко ќе откупуваат четири компании, кои со производителите во овој период треба да направат и анекси на договорите, бидејќи е укината четвртата класа и сега има прва-прва, која за разлика од лани ќе се откупува за десет денари поскапи. Очекуваме да ги нема проблемите од лани кога имаше незадоволство од откупните цени и откупот да помине на задоволство на тутунарите, рече Трајков.

Инаку, годинава во струмичкиот регион производството е намалено, односно лани било произведено околу 24, а годинава се очекува да се откупат околу 20 милиони килограми тутун.

Според тутунарите, намаленото производство се должи на незадоволството од откупните цени, напуштање на прозводството на тутун и замена со други култури, но и од намалувањето на бројот на земјоделците кои ја саделе оваа култура.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:тутун
Претходен напис Молзењето со робот ја заменува работата на 5 лица на фармата на Радослава
Следен напис Петнаесетта јубилејна „Костенијада 2021“ во Македонски Брод
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?