Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Првата делница од автопатот Скопје – Блаце готова до средината на следната година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бочварски: Првата делница од автопатот Скопје – Блаце готова до средината на следната година
Агровести

Бочварски: Првата делница од автопатот Скопје – Блаце готова до средината на следната година

Објавено 15/11/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


Експропријацијата за првата фаза од изградбата на автопатска делница од Скопје до Блаце е целосно завршена и според динамиката на работа се очекува тој дел од автопатот да биде завршен до средината на средната година, а да биде распишан тендер за втората фаза, информира денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На терен се во тек асфалтерски работи кои, посочи Бочварски, се одвиваат со одлична динамика. Дополнително, се работи на ископи, канали и бетонирање на други објекти. Временските услови се добри што ни даваат оптимизам дека работите ќе продолжат позасилено и во следниот период, рече Бочварски при увид на активностите за израдба на автопатот.

Завршени се, како што нагласи, 48 проценти од работите на оваа делница, што е со проектирана вредност од 14,2 милиони евра.

-Како Влада веќе покажавме на терен дека сме силно фокусирани на модернизација на европските коридори, на економскиот развој на нашата земја и на регионалното поврзување заради одржување на економските релации со соседите, додаде министерот Бочварски.

May be an image of 1 person and road
Фото: Facebook

Тој најави дека за втората делница на потегот од село Блаце до клучка Стенковец, којашто е во должина од околу 10,5 километри, до крајот на овој месец ќе се изработи проектот и ќе се даде на ревидирање. Втората фаза, како што рече, ќе се финансира со заем од ЕБОР и инвестициски грант од ВБИФ. ќе биде во вредност од 100 милиони до 120 милиони евра, а како што посочи минисерот потребно време за проектирање и за експропријацијата.

–Очекувањата се првата фаза од изградбата да заврши кон средината на наредната година, а да биде распишан тендерот за изградба и на втората делница, со што ќе се продолжи овој континуитет до самиот влез на Скопје со што ќе бидеме задоволни со динамика да доколку во средината на наредна година го распишеме тендерот имаме избрано изведувач во текот на 2022 година и за втората делница за изградба на овој автопат, рече Бочварски во одговор на новинарско прашање.

Како што посочи, намера е да изградат модерно автопатско решение, по сите меѓународни стандарди, безбеден за сообраќај со посебен инпут на подобрување на економските врски со Косово и зголемување на билатералната економска соработка.

-Косово е наш значаен трговски партнер, минатата година бележиме зголемување од преку триесетина проценти во вкупната трговија, така што изградбата на ова автопатско решение ќе даде дополнителен инпут во зголемување на трговските релации во иднина. Затоа, за нас е многу важна оваа рута по Јадранската магистрала како значајна артерија за економијата, транспортот и извозот на нашите производи надвор од границите, рече министерот Бочварски.

May be an image of 1 person and road
Фото: Facebook

Исто така, посочи, оваа делница е дел од Рутата 6 од сеопфатната СЕЕТО мрежа и е многу важна заради проширување на европските патни мрежи кон Западен Балкан.

Директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми, пак, потенцираше дека автопатот Скопје-Блаце е важен проект за поврзување на нашата држава со Косово, кој е нашиот трговски партнер, но и со останатите земји на регионот. Изведувачот на работите „Гранит” и наздорот ГИМ информирале дека вкупниот прогрес на работите изнесува 48 проценти. Се додека временските услови дозволуваат ќе се работи интензивно. Покрај асфалтирањето се извршуваат и геодетски работи како што с еобележување или снимање на трасата на деловите каде што се изведуваат работите односно каде што се врши ископ, а на главната траса се врши армирање и бетонирање на трапензи бетонски канали, заштита со бетонски слој хидроизолација на горна плоча, информораше Рустеми.

May be an image of 1 person and road
Фото: Facebook

Според министерот Бочварски, капиталните инвестиции во ресорот транспорт се одвиваат со добра динамика, а тој чекува дека до крај на годината тие да иамат одлична реализација. И следната година, истакна, ќе биде година на големи инвестиции во инфраструктурни проекти.

-Преку Министерството за транспорт подготвуваме нови проекти за водоснабдување, продолжуваме со реконструкција на локалните улици во сите општини. Железницата и гасификацијата остануваат приоритетни проекти, модернизација на патната мрежа преку ЈП за државни патишта исто така останува примарен фокус за Владата, така што и следната година продолжуваме со силен инвестициски циклус во изградба на капиталните проекти, рече Бочварски.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:автопатблацебочварски
Претходен напис Почна комисиската расправа за Предлог-буџетот, Бесими најавува забрзување на економскиот раст
Следен напис Истражување: Сезонските работници во Германија изложени на масовно кршење на работничките права
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?