На овогодинешниот натпревар за најдобро сирење во светот, мекото шпанско козјо сирење по име „Олавидија“ ги воодушеви судиите на натпреварот за најдобро сирење во светот.
-Ова сирење ме маѓепса и ми го украде срцето. Не е слично со ништо што сум видел досега. Изгледот му е толку оригинален, сирењето е масно и заводливо – изјави британскиот судија Џејсон Хиндс, еден од 250-те судии на големото натпреварување.

Сирењето што го освои меѓународното жири е дело на мал шпански семеен производител на сирење по име „Quesos y Besos“, што значи „сирења и бакнежи“. Оваа компанија започнала со работа пред само пет години, во јужна Шпанија.
-Сè што правиме е инспирирано од љубовта кон нашето семејство, вклучувајќи го и името на нашата компанија, така што ова е многу посебен момент за нас – рече главната производителка на сирење, Силвија Пелаез на доделувањето на наградите што се одржа во Шпанија.
Победничкото сирење содржи благородна мувла penicillium candidum и има карактеристичен слој од пепел од маслинови семки што минува низ средината.
На второ место е мекото сирење од куќата на Фромажери Берто од Франција, на трето е гаудата одлежана во пештера од Холандија, а минатогодишно најдобро сирење е Rogue River Blue, органско сино сирење од Орегон во САД.

