Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бизнисмени од Турција во понеделник ќе ја посетат Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бизнисмени од Турција во понеделник ќе ја посетат Македонија
Агровести

Бизнисмени од Турција во понеделник ќе ја посетат Македонија

Објавено 12/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стопанска комора на Македонија – Турција (МАТТО) во понеделник ќе биде домаќин на компании членки на Стопанската и Индустриската комора на Едрене, Република Турција.

Како што велат за МИА од МАТТО, предвидени се билатерални средби со бизнис заедницата од Едрене, а посетата е во рамки на запознавање со деловната и инвестициската клима во Република Северна Македонија, како и можност за соработка во повеќе сектори.

Меѓу компаниите ќе доминираат оние од земјоделско-прехранбениот сектор.

Во периодот јануари – август 2021 година земјава остварила вкупна трговска размена со Република Турција во вредност од 472 610 000 американски долари што е за 46,1 отсто раст во споредба со истиот период лани. Извозот во Турција изнесува 90 525 000 долари што е зголемување за 57,4 проценти, а увозот е зголемен за 43,6 отсто и изнесува 382 085 000 долари.

Турција е седми трговски партнер на Македонија, по Германија, Велика Британија, Грција, Србија, Кина и Бугарија.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамички производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

МИА

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:MATTO
Претходен напис Македонска фирма почна да го произведува првото ладно цедено масло од афион
Следен напис Арјанит Хоџа си поднесе оставка од функцијата министер за земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?