Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Финските научници смислиле како да одгледуваат кафе во лабораторија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Финските научници смислиле како да одгледуваат кафе во лабораторија
Агровести

Финските научници смислиле како да одгледуваат кафе во лабораторија

Објавено 11/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Љубителите на кафето во иднина можеби ќе пијат кафе произведено во лабораторија, а не на плантажа, велат финските научници кои се надеваат дека успеале да одгледаат одржливо кафе.

„Тоа е навистина вистинско кафе затоа што во овој производ нема ништо освен – кафе“, вели Хеико Ришер, покажувајќи кон сад полн со кафеав прав.

Тој и неговите колеги од финскиот Институт за технички истражувања VTT веруваат дека со производството на овој вид кафе ќе се избегнат многу еколошки проблеми предизвикани од масовното производство на еден од најпопуларните пијалаци во светот.

Нивното кафе не е сомелено од зрна, туку се одгледува од група растителни клетки на кафе под строго контролирани услови во биореактор.

„Кафето е проблематичен производ“, рече Ришер, делумно затоа што поради зголемувањето на глобалните температури постоечките насади се помалку плодоносни.

„Тука е и проблемот со транспортот, како и користењето на фосилните горива. Совршено е логично да се бара алтернатива“, смета Ришер.

Ришер верува дека ќе бидат потребни најмалку четири години пред кафето од лабораторијата да добие одобрение од регулаторот за комерцијална употреба.

Проектот би можел да биде важен и за Финска, која е меѓу водечките земји во светот во однос на потрошувачката на кафе по глава на жител.

Засега само специјално обучени дегустатори имаат дозвола да го пробаат.

„Засега им е дозволено само да го вкусат и плукаат, не смеат да го проголтаат“, рече научникот Хеики Аисала, експерт за сензорна перцепција кој води група дегустатори како дел од финскиот проект.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:кафе
Претходен напис Сообраќајот се одвива по суви коловози, отстранета девијацијата на коловозот на делницата Пресека–Песочан
Следен напис КОП26: Ограничување на температурата и намалување на емисиите на јаглерод диоксид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?