Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се градат луксузни ски-центри на Јабланица, Бушова планина и на Караџица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Ќе се градат луксузни ски-центри на Јабланица, Бушова планина и на Караџица
Агровест

Ќе се градат луксузни ски-центри на Јабланица, Бушова планина и на Караџица

Објавено 01/11/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во РС Македонија ќе се градат три нови луксузни ски – центри по сите светски стандарди и тоа на Јабланица, кај Струга и Вевчани, на Бушова планина, кај Крушево и Македонски Брод и на Караџица, кај Сопиште и Студеничани, информираше на прес – конференција в.д. директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески, заедно со Даниеле Костантини, консултант, експерт од Италија.

Целта на овој проект, истакна Павлески, е да го стимулира и да даде силен импулс за развој на домашниот туризам и економија. Идејата е новите туристички центри да се користат од страна на посетителите во текот на целата година и летниот и зимскиот период.

–Прелиминарните процени се дека овој проект би чинел помеѓу 700 и 800 милиони евра, а опфаќа изградба на три нови туристички села, на овие три локации, кои би содржеле вкупно 16 луксузни хотели со четири и пет ѕвезди, ресторани и околу 130 планински куќи со капацитет од над пет илјади легла, појасни Павлески, нагласувајќи дека особено ќе се води грижа за заштита и унапредување на животната средина. Додаде дека ќе бидат изградени и жичарници, ски лифтови и над 180 километри алпски скијачки патеки, како и велосипедски и авантуристички патеки.

Павлески, одговарајќи на новинарско прашање потенцира дека ќе се најдат соодветни инвеститори затоа што се работи, како што рече, за огромни инвестиции и изрази уверување дека може брзо да се реализираат со оглед на тоа дека постојат во светот доста заинтересирани инвеститори и фондови, што имаат средства и само треба да им се понуди нешто вистинско. Смета дека би можело за две години од почетокот на реализацијата на проектот да се завршат, но сепак, наведе, тоа би зависело од инвеститорот.

Промовирајќи го овој нов ексклузивен проект, Павлески нагласи дека тоа се локации кои имаат одлични природни предиспозиции и соодветна инфраструктура. Развојот на овој проект, потенцира, ќе ја промовира нашата земја како врвна ски-дестинација со конкурентни цени на скијачкиот пазар, во споредба со регионот и меѓународните конкуренти.

-Доминантната изложеност на исток на ски-патеката, присуство на вода и на езера на голема надморска височина, на снежна покривка помеѓу 1200 и 2200 метри во текот на близу 140 денови во годината, како и лесната пристапност до самите локации, како и двата меѓународни аеродроми во непосредна близина се огромна предност и тешко се наоѓаат заедно на едно место во повеќето актуелни туристички места – изјави в.д. директорот на Агенцијата.

Најави дека Агенцијата активно ќе работи на промоција на овие проекти, со цел во најскоро време да можат да бидат реализирани. Во наредните неколку месеци ќе бидат презентирани и на светскиот настан ЕКСПО 2020 во Дубаи, а веќе се остварени прелиминарни контакти, кои набрзо ќе резултираат со директни презентации со потенцијални инвеститори.

Даниеле Костантини, консултантот од Италија во појаснувањето на проектите за изградба на ски-центрите посочи дека ќе се оди на принципот на повторно користење на локалните дрвја, намалување на искористување на електричната енергија и рециклирање на природниот отпад. Крушево, тој го именувал во неговиот проект како кралство на снегот. Тој информира дека вкупната инвестиција за Јабланица би била околу 320 милиони евра. Должината на скијачките патеки е предвидено да биде 85 километри, 21 километар скијачки лифтови и два резервоари каде ќе се произведува снег. Предвидено е изградба на 10 хотели, од кои шест би биле со четири ѕвезди, а другите со пет. За останатите два проекти, за Македонски Брод и Крушево, инвестицијата би била 235 милиони евра, додека за Патишка река инвестиција од 270 милиони евра.

–Изборот беше на овие локации затоа што е битно да се блиску до аеродромите и подразбира дека би се вклучиле и туристичките агенции и хотелските групации за да можат да се донесат туристи од Кина или пак од Блискиот Исток, изјави меѓу другото Костантини.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Кривична пријава за тројца вевчанци вработени во шумско стопанство „Јабланица“ го оштетиле буџетот за 280.000 денари
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Таг:јабланицакараџица
Претходен напис Во текот на денот сончево и ведро, попладне зголемување на облачноста
Следен напис Светските лидери ќе се обидат да ја спречат климатската катастрофа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?