Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО)Димковски: Квалитетот на тутунот е добар, очекуваме непречен откуп и висока просечна откупна цена на тутунот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > (ВИДЕО)Димковски: Квалитетот на тутунот е добар, очекуваме непречен откуп и висока просечна откупна цена на тутунот
Растително производство

(ВИДЕО)Димковски: Квалитетот на тутунот е добар, очекуваме непречен откуп и висока просечна откупна цена на тутунот

Објавено 21/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Oфицијално започна откупот на тутун од реколтата 2019-та. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, беа во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп и на откупните пунктови на компаниите што вршат откуп на тутун во прилепскиот регион. Министерот Димковски посочи дека и оваа година се очекува стабилен откуп со високи просечни откупни цени на тутунот.

„Тутунот ќе го откупуваат девет компании. Сите компании имаат обезбедени средства за исплата. Инспекторите ќе бидат на терен и ќе ја следат состојбата со откупот. Од нашите податоци можеме да кажеме дека вкупно се евидентирани 226 мостри и 210 откупни пунктови. 204 мостри се од типот Прилеп, а 22 се од типот „јака“. Годинава вкупно биле засадени 13.342 хектари тутун и склучени биле 32.798 договори со девет компании. Издадени се 20.933 евидентни листови. Очекуваме околу 6 проценти поголемо производство на тутун. На откупните пунктови и на вагите има лиценцирани контролори и повереници на тутунарите кои ќе го следат откупот. Очекуваме добар и непречен откуп. Со оглед на најавата дека квалитетот на тутунот е подобар, очекуваме да се постигне и повисока откупна цена од ланската“, истакна министерот Димковски.

Вкупното производство на тутун од реколтата 2019-та изнесува над 26.700 тони тутун, што е за 6 отсто повеќе од реколтата 2018-та. Оваа година се исплатија 29 милиони евра по основ на новиот модел за зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2018-та. Со новиот модел на зголемени субвенции што го воведе Владата на Република Северна Македонија, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Министерот Димковски посочи дека со новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, којшто е изгласан и стапи на сила, ќе се решат отворените прашања кои досега го оптоваруваа производството и откупот на тутун. Според законските измени, за тутунот од реколта 2020-та ќе се укинат евидентните листови. Ќе се изврши усогласување на календарот на активности (подготовка на земјиштето, расадопроизводството, садење, берба, сушење и откуп) со роковите за пријавување на производството на тутун, склучувањето на договорите и крајниот рок на завршување на откупот на тутун од страна на откупувачот на тутун. Новото законско решение овозможува транспарентност во врска со содржината на договорот кој треба јавно да се објави најдоцна до 28 февруари во тековната година на огласна табла во седиштето на откупувачот и на локалната веб страната на откупувачот.

Може да ви се допадне

Ангеловски во Кривогаштани: ДИЗ ќе врши засилени инспекциски контроли на откупните пунктови
Во мај за 9,1 проценти зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун
АФПЗРР: Соопштение за исплатените субвенции за тутун
Премиерот најави исплата на субвенциите и раст на производството на тутун
(ВИДЕО) Ристески: На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите
Таг:Зоран Шапуриќоткуппрочечна ценатутунцена
Претходен напис Се очекуваат нови јавни огласи за земја над 3 хектари, подгответе се да аплицирате…
Следен напис МЗШВ: Се дава во закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 1.453ха 20ар 61м2
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?