Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Завршен настан од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Завршен настан од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“
Агровести

Завршен настан од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“

Објавено 22/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Важноста на земјоделските задруги и идни активности за развој на задружното движење во Република Северна Македонија“ е темата на денешниот завршен настан од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“.

Целта на проектот е да се зголеми конкурентноста на пазарот и соработката меѓу земјоделците во земјата, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање нови земјоделски задруги.

Вкупниот износ на проектот е 1,98 милион евра. Финансиски е поддржан од Европската Унија и спроведен од CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). CARE и МРФП ќе ји претстават конечните достигнувања на проектот. Меѓу другото, резултатите вклучуваат: подобрување на правната рамка која го регулира формирањето и функционирањето на земјоделските задруги; зајакнување на улогата на чадор-организацијата на земјоделските задруги; подобрување на улогата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) за следење на перформансите на земјоделските задруги преку креирање посебен софтвер; подготовка на Стратегија за МЗШВ за развој на земјоделските задруги (2022-2028) и презентирање на инвестициите од проектот во рамките на грантовата шема за 18 земјоделски задруги низ целата земја.

На настанот ќе учествуваат претставници од релевантни национални и меѓународни организации, институции, граѓански организации, задруги, земјоделци и групи на земјоделци. Најавени се обраќања на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, програмскиот менаџер Делегација на ЕУ Константинос Супилас, регионалната директорка на CARE Сумка Бучан, извршниот директор на МРФП Лазар Неданоски и претседателката на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, Сузана Димитриевска.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделска задруга
Претходен напис Фотографија на балкански рис снимена во Националниот парк „Галичица“
Следен напис (Видео) Огромни глодари преплавиле елитна населба, станарите не им можат ништо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?