Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европската комисија оценува: Македонија умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Европската комисија оценува: Македонија умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој
Агровести

Европската комисија оценува: Македонија умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој

Објавено 20/10/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија оценува дека нашата држава е умерено подготвена во повеќето области од земјоделството и руралниот развој. Добро ниво на подготовка има во делот на безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, додека во рибарството, регионалната политика, координацијата на структурните инструменти и финансиските и буџетските одредби нема или бележи ограничен напредок, оценува Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на земјата што беше објавен вчера.

Според Комисијата, одреден напредок е постигнат и во сегментот на усогласување со правилата на ЕУ за заедничка организација на пазарот.

Во однос на руралниот развој, добар напредок е евидентиран во апсорпцијата на ЕУ фондовите (ИПАРД 2). До крајот на 2020 година исплатите надминаа четири милиони евра. Напредуваат и подготовките на ИПАРД 3 програмата. Од суштинско значење е кадровската екипираност на Платежната агенција на која треба да се поработи, а и националната политика за рурален развој треба да се усогласи со правото на ЕУ.

-Наредната година Северна Македонија треба особено да поработи на раздвојување на директните плаќања, како и на пренесување на фарм-регистарот и системот за идентификација на парцелите на Платежната агенција. Треба да се усвои и законска рамка за натамошно усогласување со правото на ЕУ во областа на заедничката организација на пазарот, како и да се вработи квалификуван кадар во ИПАРД-структурата, согласно обемот на работа – порачува Комисијата.

Во делот на безбедноста на храната и ветеринарната политика каде е евидентирана добра подготовка, се сугерира да се зајакнат капацитетите за собирање податоци, верификација и анализа на Агенцијата за храна и ветеринарство, да се подобри функционирањето и сигурноста на системот за идентификација и регистрација на животните, како и да се спроведат акции за постигнување одржлива употреба на пестициди.

Постигнат е добар напредок, смета Комисијата, особено во подобрување на здравствената контрола на растенијата, како и во контролните мерки за болести кај животните, но, нема подобрување во функционирањето и сигурноста на системот за идентификација и регистрација на животните, ниту на капацитетот за натамошно усогласување и спроведување на европската легислатива за зоолошко-технички прашања.

-Согласно Кодексот за здравје на животните на Светската организација за здравје на животните (ОИЕ), Северна Македонија е земја без болеста чума кај овци и кози. АХВ спроведува активна програма за надзор на класична и африканска свинска чума, како и на болеста чвореста кожа, а го продолжи и спроведувањето на акцискиот план за благосостојба на животните. Националната програма за мониторинг од 2021 година за контрола на остатоци од ветеринарно-медицински производи и загадувачи кај живи животни и прехранбени производи од животинско потекло е во согласност со правото на ЕУ за говеда, овци, свињи, живина, аквакултура, млеко, јајца, диви дивеч и мед – се наведува во Извештајот.

Според Европската комисија, постигнат е добар напредок во пласманот на храна, добиточна храна и нус-производи од животинско потекло со усвојување на законодавството за имплементација согласно правилата на ЕУ. Сепак, допрва треба да се донесе ревидираниот закон за нус-производи од животинско потекло.

Во делот на рибарството и аквакултурата каде што е нотирана умерена подготвеност, земјава треба да го усогласи Законот за рибарство и акхакултура со правото на ЕУ во областа на пазарната политика, структурните мерки и државната помош, да го подобри системот за собирање податоци и известување, како и да воспостави повеќегодишно програмирање на структурните мерки.

Административните капацитети за управување со ресурсите, инспекциите и контролата на рибарската политика не се недоволни. Треба да се подобрат капацитетите за контрола на илегален, непријавен и нерегулиран риболов согласно барањата на ЕУ. Северна Македонија треба да ги зајакне и капацитетите за формулирање и спроведување на политиката во оваа област, оценува Комисјата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:македонија
Претходен напис (Видео) Претставен првиот робот што ги отстранува листовите од доматите
Следен напис Виенскиот аеродром ја добива најголемата соларна електрана во Австрија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?