Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а минималните од 3 до 10 степени. .
Од утре до крајот на неделава следува период на стабилно и потопло време. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Врнежи од дожд се очекуваат во сабота.

