Сирењето е најдобро да се прави од домашно млеко, но доколку не сте во можност да го набавите, слободно употребете и млеко од продавница. Ќе ви бидат потребни само неколку состојки.
-2 литри свежо млеко со поголем процент на масленост
-малку сол
-оцет
Ставете го млекото во тенџерето и оставете го да се свари. Во млекото додајте една лажица сол. Одвреме навреме промешувајте. Млекото не смее да зоврие. Кога ќе се појават меурчиња знаете дека млекото е пред зовривање. Исклучете ја ринглата, ставете 60 мл оцет и мешајте. Оставете 5 минути да отстои. Преку цедилката ставете чиста газа и постепено сипувајте ја течноста од тенџерето. Процедете го сирењето и оставете го да отстои 1 час.
Целата постапка погледнете ја во видеото.
Во продолжение уште една варијација на рецептот.
