Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Досега земјоделците од Полошкиот регион своите примероци мораа да ги носат на лабораториски анлизи во Скопје, но за скоро време, тоа ќе го прават во оваа лабораторија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Досега земјоделците од Полошкиот регион своите примероци мораа да ги носат на лабораториски анлизи во Скопје, но за скоро време, тоа ќе го прават во оваа лабораторија
Агровести

Хоџа: Досега земјоделците од Полошкиот регион своите примероци мораа да ги носат на лабораториски анлизи во Скопје, но за скоро време, тоа ќе го прават во оваа лабораторија

Објавено 14/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, ја посети лабораторијата за контрола на прехранбени производи на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана на Универзитетот во Тетово. На свечен начин беше одбележана набавката на нова опрема за тетовската универзитетска лабораторија за безбедност на храна, финансиски овозможена со средства од Програмата за рурален развој за 2021 година, на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во месец март оваа година, за прв пат после неколку децении, потпишавме меморандумот за соработка со четири Универзитети меѓу кои и тетовскиот, во вредност од 600 000 евра, средства обезбедени од Програмата за рурален развој за 2021 година. Конкретно, Факултетот за прехранбена технологија и исхрана од Универзитетот во Тетово, доби финансиска поддршка во вредност од околу 200 000 евра, со што овозможивме доопремување на постоечката лабораторијаза зголемување на лабораториските капацитети за контрола на прехранбени производи. Набавени се нови инструменти за автоматска детекција на патогени бактерии во примероци од храна и површина, бројач на соматски клетки во примероци од сирово млеко, апарат за квантитативно и квалитативно одредување на микотоксини како и демонстративна опрема за студентите од земјоделските науки. Тетовскиот Универзитет прв ја заврши набавката на нова опрема, а во најскоро време и другите Универзитети ќе ги реализираат договорите.

„Досега, земјоделците од полошкиот регион своите примероци мораа да ги носат на лабораториски анлизи во Скопје, но за скоро време, тоа ќе го прават во оваа лабораторија. Велам за скоро време, бидејќи тетовската лабораторија треба да помине процес на акредитација со што ќе обезбеди стандардизирани методи за анализа, согласно стандардот за управување со квалитет.

Навистина сум горд на ова достигнување кое го направивме заедно со Тетовскиот Универзитет, а е во интерес на земјоделците од овој регион. Ја остваривме нашата цел за исполнување на европските стандарди во системите за контрола на квалитетот, здравјето и безбедноста на храната“ изјави министерот Хоџа.

Тој упати честитики за успешно реализираниот проект од кој најголем бенефит ќе имаат земјоделците но и студентите на Тетовскиот Универзитет како научна институција која едуцира кадри од земјоделската струка.

Проректорот за меѓународна соработка, проф. Д -р Шефик Шеху се заблагодари на поддршката од Министерството и разбирањето за потребата да се воспостави акредитирана лабораторија за контрола на здравјето, квалитетот и безбедноста на храната која ќе им служи на земјоделците да произведуваат безбедна храна.

Ова е инвестиција која носи голем развој, го олеснува процесот на контрола на примероците за анализа на полошките земјоделци а при тоа се исполнети стандардите за квалитет.

May be an image of indoor
No photo description available.
No photo description available.
May be an image of indoor

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Хоџа
Претходен напис Турција го собори рекордот во извозот на калинки: Извезува во 75 земји
Следен напис Се намалуваат популациите на полската врана, црновратиот нуркач и потполошката
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?