Викендов по втор пат се одржа манифестацијата „Поречки фармер 2021“. На оваа манифестација учествуваа 25 земјоделци и сточари од овој регион со свои производи, кои беа изложени на штандовите во село Самоков.
„На штандовите беа изложени млеко и производи од млеко, костени, макала, мед и производи од мед, повеќе видови сирења, поречки ајвар, лутеница, пинџур и сѐ што произведуваат жителите од 20 села во Поречијата“, рече Цанка Џукоска, претседателка на манифестацијата.
„Наша цел е со Поречки фармер да ги сплотиме сите напредни земјоделци и сточари од Порече кои нешто произведуваат и така окрупнети да можат да се претстават со своите производи и надвор од овој регион. Ќе го промовираме Порече како простор погоден за здрава еколошка храна погодна за сечие здравје, додаде Џукоска.






