Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Шекеринска во посета на домашна компанија со искуство на НАТО пазарот: Брзо и ефикасно им ги отвораме вратите на компаниите кон тендерите на НАТО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Шекеринска во посета на домашна компанија со искуство на НАТО пазарот: Брзо и ефикасно им ги отвораме вратите на компаниите кон тендерите на НАТО
Агровести

(ВИДЕО) Шекеринска во посета на домашна компанија со искуство на НАТО пазарот: Брзо и ефикасно им ги отвораме вратите на компаниите кон тендерите на НАТО

Објавено 12/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска ја посети компанијата „Везе Шари“ каде што на средба со нејзиниот сопственик, Арбен Абдурахмани разговараа за начините како државата да продолжи да им помага на производителите кои со членството во НАТО треба да бидат поамбициозни, да го зголемат производството, а со тоа да отворат и нови работни места.

„Оваа домашна компанија покажува дека е возможно да се пробиете на НАТО пазарот дури и пред државата да стане членка на НАТО Алијансата. Заедно со сопственикот, нашиот реномиран бизнисмен од ‘Везе Шари’, зборувавме дека постојат начини како државата и понатаму може да им помага на ваквите производители со нашето членство во НАТО да бидат поамбициозни, навистина да отворат нови врати и да овозможат поголем износ и поголемо производство, а тоа значи и повеќе работни места дома кај нас. Тоа е целта на нашиот Центар за поддршка на домашните компании. Сакам уште еднаш да ги повикам домашните компании да се пријават, да ги искористат предностите што им ги даваме, а тоа е пред сè една брза и ефикасна процедура. Покажавме дека за само неколку дена можеме и официјално да им ги отвориме вратите на НАТО пазарот и со квалитетот на своите производи, со конкурентната цена да победуваат на овие тендери“, рече министерката.

Шекеринска порача дека Владата е целосно отворена кон агро-бизниснисот и дека ќе продолжи да им помага на сите домашни производители да го рашират бизнисот и да отворат нови работни места. Таа честиташе за досегашниот успех на „Везе Шари“ и додаде дека искуството на оваа компанија треба да биде поттик за сите домашни компании да бидат уште поуспешни во своето работење.

„Ова денеска што го видов зборува за веќе две децении ангажман дома и искуство во странство. Во домашното производство и ние како Влада со поддршка можеме да инвестираме, а домашните производители дефинитивно можат да ни го покажат правецот и да ни дадат дополнителни идеи“, истакна министерката.

Директорот на „Везе Шари“, Абдурахмани, го поздрави пристапот на Министерството кој овозможува нашите компании да може да извезуваат на НАТО пазарите и ги охрабри сите бизнисмени да се пријават и да бидат уверени дека домашните компании имаат капацитет да ја снабдуваат Алијансата.

„Го поздравувам пристапот на Министерството што овозможува на нашите компании да може да извезуваат на НАТО пазарите и ги охрабрувам сите бизнисмени дека не е толку тешко да можеме да го снабдуваме НАТО. Ние како компанија уште во 2013 година имаме дозвола за снабдување во НАТО со нашите производи и овој чекор кој го презема Министерството е многу добар и се надевам дека што побрзо повеќе компании ќе ги гледаме на листата на НАТО пазарите“, изјави Абдурахмани.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:компанијанатопосеташеќеринска
Претходен напис Министерот Хоџа ја прифати Декларацијата за зголемување на шумската покривка во земјава
Следен напис И денеска облачно и студено со умерен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?