Голем број животни испуштаат звуци кои се толку необични што е тешко да се поврзат со нивниот изглед.
На пример, некои гасеници, кога ќе се притиснат, звучат како играчки што свиркаат. Армадилото звучи како мачка во февруари, а она што излегува од грлото на носорог е тешко да се опише.
Морските лавови се урнебесни – звучат како некој стар, полураспаднат камион или трактор.
Не звучат мелодично ниту сите птици. Има оние кои произведуваат нешто како гласно смеење, а коалите, освен што се слатки и бушави произведуваат звук што сигурно не е нешто што го очекуваме од толку мали суштества.
Во следното видео погледнете каков звук испуштаат овие 12 животни.
