Во северната германска провинција Долна Саксонија, во градот Герде, 3.000 кокошки несилки изгореле во страшен пожар минатиот викенд, додека останатите 17.000 морале да бидат убиени поради труење со чад, пренесува Аgrarheute.
Пожарот избувнал во саботата наутро околу 9 часот во живинарски објекти со вкупен капацитет од 20.000 животни. Соседот го забележал пожарот, а потоа ги известил пожарникарите. Кога пристигнале, последната од трите згради веќе била во пламен.

Еден вработен бил повреден поради вдишување дим.
Дури 110 пожарникари од областа Оснабрик и Вехта се обиделе да го спречат ширењето на пожарот во околните објекти. До попладнето пожарот бил ставен под контрола, а вкупната штета се проценува на половина милион евра. Сепак, причината се уште не е позната и полициската истрага е во тек.

Проверете ги системите за греење
Со заладување на времето, треба да се посвети внимание на исправноста на електричните инсталации, системите за греење и оџаците и во куќите и во земјоделските објекти.
Запаливите материјали треба да се складираат во правилни контејнери и на местата предвидени за тоа.
При горење растителен отпад на отворени простори, шуми и земјоделски области, посебно внимание треба да се посвети при ракување со оган или запаливи предмети што би можеле да предизвикаат пожари, кои лесно можат да се прошират на шумите, станбените и деловните згради и да ги загрозат човечките животи и животите на животните.
